29 Декември, 2024
0.1361

ЌЕ СЕ СКРОТАТ ЛИ „ЗДИВЕНИТЕ“ ЦЕНИ СО ЗАКОН ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ: Дали новите одредби ќе донесат бенефит за граѓаните?!

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Закон со кој ќе се дефинираат односите меѓу купувачите и добавувачите е во изработка, и како што се нагласува во потребата за неговото носење, целта е  да се спречи наметнување нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување при снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Нацрт законот кој веќе е поставен на платформата ЕНЕР утврдува дека „Со овој закон се уредуваат правила и мерки за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи и координација помеѓу органите надлежни за спроведување на одредбите од овој закон“.

Исто така, законот утврдува дека со неговата примена се утврдува продажба на земјоделски и прехранбени производи каде што добавувачот и купувачот се основани во Македонија, или во земјите членки на Европската унија, или во трети земји. 

Предлагачите посочуваат дека една од целите на носењето ваков закон е понатамошно усогласување на националното законодавство со Европската унија, за нефер трговски практики во односите меѓу претпријатијата во синџирот снабдување со земјоделски и прехранбени производи.

Изминатиов период, особено откако летово цените повторно „подивеа“, меѓу главните виновници за експлозијата на поскапувања според упатените во проблематиката беа посочени трговците.

Многу соговорници на Фактор посочуваа дека главни виновници за поскапувањата се трговците, кои инстантно ги зголемуваат маржите што забележат било какви зглоемувања на цените на импутите, но не ги намалуваат кога се намалуваат цените на инпутите.

Токму на темата влијанието на трговците врз цените посебно истражување направи Институтот за економски истражувања и политики „Фајаненс тинк“ кои утврдија дека растот на цените се должи и на максимализација на профитите на троговците.

-  Драстичното зголемување на цените на прехранбените производи и потребата од нивна (привремена) регулација, отвори дискусија околу тоа колку инфлацијата е резултат на трансмисија на меѓународните цени врз цените на домашните производи и услуги, а колку може да се должи на однесувањето на домашните производители и трговците со цел максимизација на профитите – пишуваат аналитичарите на „Фајненс тинк“ во нивниот последен бриф.

Колку нов закон би помогнал во спречувања на ваквите практики и дали тоа ќе резултира со подостапни производи за македонските граѓани, прашавме земјоделци кои се засегнати од откупот од трговците.

-  Во секоја нормална држава, пазарот се формира слободно врз основа на понудата и побарувачката на пазарот. Секое регулирање на цените упатува на недостиг на слободна економијата. Кога со закон се дефинираат маржите, значи нешто премногу смрди, премногу се умешува државата, нема пазар, туку монопол на трговци – укажува Љупче Станковски, претседател на агроздружението „Агрофаланга“.

Станковски посочува оти политичката одлука да се делува на пазарот со ваков закон упатува на предизборен маркетинг, да се создаде впечаток дека се грижат за граѓаните, бидејќи растот на цените излезе од контрола.

- Кога почна војната во Украина имаше раст на цената на пченицата поради случувањата, но тогаш лебот не поскапе како оваа година. Сега имаме намалување на цените на некои прехранбени продукти, но поради монополската позиција на некои компании цените не се спуштаат. Но, проблемот е што тесна е поврзаноста меѓу олигарсите и власта. Пазарната логика е јасна, ако на пазарот има производи цената паѓа, ако нема расте, но кога имате монопол на еден пазар, тогаш тој сам формира цени, и тоа е најчесто со благосолов од политиката. Ако се појави нов добавувач тој ќе биде уништен од инспекции, затоа растат цените, немаме пазарна економијата – потенцира Станковски и дополнува дека овој закон сега изгледа само како обид надлежните да се претстават како спасители, но тие ја носат главната вина за состојбата во која сме.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Колку пари ќе ни донесе усвоениот Закон за глобален минимален данок на добивка?

Колку пари ќе ни донесе усвоениот Закон за глобален минимален данок на добивка?

ПОСКАПУВААТ И НОВОГОДИШНИТЕ АРАНЖМАНИ - инфлацијата удри врз туристичкоугостителскиот сектор, што може да очекуваме?

ПОСКАПУВААТ И НОВОГОДИШНИТЕ АРАНЖМАНИ - инфлацијата удри врз туристичкоугостителскиот сектор, што може да очекуваме?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите