ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ ВО САЛА ДА ОПЕРИРА, ИЛИ ПАК ЌЕ СИ БИДЕ МИНИСТЕР - популарниот Филипче се облече во хируршка облека
Објавено во: Македонија 09 Август, 2020
Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, денеска на својот фејсбук профил објави фотографии од неговата примарна дејност, а тоа е неврохирургијата.
„Повторно во сала на операција.
Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај дваесет и деветгодишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“, објави Филипче за своите фанови на фејсбук.
Судејќи според неговите објави и посветеноста со која сега му пристапува на министерувањето, а особено во време на епидемија со коронавирусот, многу повеќе е за очекување дека и во следните четири години ќе го гледаме Филипче како министер за здравство.