Ќе трпат санкции, ама не примаат бегалци веќе
Објавено во: Свет 15 Април, 2017
Чешка прими 12 бегалци иако од ЕУ има квота од 1,600 бегалци и нема намера да прифати повеќе, иако во тој случај се очекуваат санкции од Брисел во износ од неколку милиони евра.
Оваа информација ја објави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на локалните медиуми.
„Се прават во моментов проверки на останатите бегалци и тоа покажува дека понатаму не треба никого да прифаќаме"- изјави чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец.
Тој даде пример за Италија и Грција, кои со месеци се соочуваат со тешкотии поврзани со мигрантите во нивните бегалските кампови.