12 Мај, 2024
0.0268

Ќучук порача историјата да им се остави на историчарите

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Билатералните односи треба да се решаваат посебно помеѓу државите и не треба да бидат дел од европската преговарачка рамка. Oва е констатирано на денешната средба на премиерот Зоран Заев со бугарскиот европратеник Илхан Ќучук кој е и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент.

Ќучук порача историјата да им се остави на историчарите. Вели дека е потребно да се врати меѓусебната доверба, како и дека улогата на политичарите не е да прават ѕидови, туку да ги уриваат. 

„Стратешки интерес на Северна Македонија е да биде во ЕУ, а исто така и стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде дел од ЕУ, и поради тоа има потреба од разговор, чесност во односите, враќање кон Договорот од 2017, бидејќи без доверба не можат да бидат постигнати добри резултати“, потенцираше Ќучук.

Тој вели дека Македонија има ангажман во реформите.

„За нас нема алтернатива за членството во ЕУ. Низ политиките на разбирање и дијалог ќе продолжиме да работиме, со цел придонес во добрососедските односи и не само затоа што тоа е важно за европскиот начин на однесување, туку и поради потребата од пријателските односи помеѓу соседските држави“, рекол Заев.

За нацрт-резолуцијата за земјава, што претстои да се усвои во Европарламентот, Ќучук рече дека неговата улога како известувач е објективна и ја отсликува реалната слика за земјава. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека ЕП треба да го вреднува нашиот напредок. Македонија поради вето од Бугарија не ги почна преговорите со ЕУ и сега односите меѓу двете земји се заладени. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите