02 Мај, 2024
0.0285

Коѕијас се накани да дојде во Скопје со предлог договорот

Објавено во: Македонија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕија по многу „натегања“ за кои се пишуваше во Грција, конечно утврди датум за официјална посета на Скопје при што ќе оствари средба со македонскиот прв дипломат Никола Димитров, а притоа ќе го достави и грчкиот предлог договор за решавање на спорот за името кој трае со децении.

Коѕијас ја откажа посетата на САД поради смената на државниот секретар Рекс Тилерсон каде транзицискиот период во Стејт Департментот ќе трае до 31 март. Тоа значи дека САД нема да може да приложи целосен дипломатски напор се додека функцијата не ја преземе Мајк Помпео, екс директорот на ЦИА кого го одбра Трамп.

Грчкиот прв дипломат во Скопје ќе пристигне идната недела на 22 март со директен лет од Атина на Скопскиот меѓународен аеродром. Ова ќе биде симболично одбележано како првиот директен лет од Атина до Скопје по цели 12 години. 

Наредниот ден, според најавите од Грција, Коѕијас треба да има средба со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Но, овие средби засега не се потврдени.

Што точно ќе содржи нацрт предлогот од грчка страна засега е неизвесно, освен што е познат долго повторуваниот став дека Грција очекува решение за севкупна употреба, со сложено име со географска употреба и во последно време промена на македонскиот устав во одредбите кои според нив генерираат иредентизам.

Како македонската страна ќе одговори на овој предлог ќе зависи од самата содржина. Досега политичкиот врв предводен од Заев истакнуваше дека решението мора да биде достоинствено без нарушување на идентитетските одредници, но сосема извесно е дека Македонија ќе биде ставена под поголем дипломатски притисок во наредниот период пред одржување на НАТО самитот во јуни.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање