28 Април, 2024
0.0298

Кога е вистинско време за промена на работното место?

Објавено во: Стил 08 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Ако се фативте себе си непрестајно да се жалите на својата работа и да станувате нерасположени и мрзоволни кога мора да одите на работа, време е да се прашате дали можеби е време за промена. Она што при тоа е важно е да откриете што ви е важно на работното место и што конретно ви смета. Исто така, објективно разгледајте ги сите важи жалби и проценете сами тие се константно непроменливи. Како помош, ви предлагаме да ја рангирате предложената листа на прашања и да забележите на колку прашања можете потврдно да одговорите кога е во прашање постојаното работно место: Листа со чија помош ќе дојдете до одговор на прашањето дали да го промените работното место? 1. Задоволство од плата 2. Добар однос со колеги 3. Корекност од надредените 4. Можност за напредување 5. Можност за личен развој и учење 6. Сигурност на работното место 7. Почитување на работното официјално време 8. Самостојност 9. Бонуси и други бенефиции 10. Усогласеност на работните задачи со вашата личност 11. Креативност 12. Одговорност 13. Чуство дека и припаѓате на компанијата 14. Јасно поставени работни задачи и цели 15. Можност за искажување на своите вештини и потенцијали 16.Признанија и пофалби за добро завршена работа 17. Прифаќање од страна на претпоставениот и како работник и како личност 18. Прифаќање на ваше мислење и идеи Значи, важно е да бидете реални и да не го барате невозможносто. Ако највисоко рангираните ставки не ги препознавате на сегашното работно место, размислете сами што може да направите за да ви биде подобро, а да не ја менувате работата. Дури кога се уверите дека дадовте се од себе, а работите не одат кон подобро, ангажирајте се кон пронаоѓање на подобра работа. Значи, прв чекор е да се обидете да го „освежите“ своето работно место. Еве неколку совети како да го направите тоа ...

1. Запрашајте се што би можело да ве инспирира, што можете да направите да ги унапредите вашите особини и да ги истакнете вашите квалитети

2. Бидете отворени во мерата во која претходно се плашевте да бидете. Споделете со колегите нешто за себе што ќе ве направи поблиски

3. Бидете самоиницијативни, предложувајте нови активности и проекти, ангажирајте се

4. Дајте го максимумот од вас на работата. Предадете и се на работата целосно, размислете надвор од вашите основни должности и ќе видите што ќе биде, дали ќе се чуствувате поинаку

5. Обидете се да ги проучите вашите колеги и забележете ги нивните добри особини. Кажете им го тоа.

Запаметете, на работа го поминуваме третина од нашето време, и ако сте несреќни, значи дека ќе бидете несреќни во третина од својот ден и тоа е недозволиво.

Меѓутоа оред дефинитивно да одлучите да ја промените работата, бидете сигурни дека е во прашање работа и се друго во врска со работата, како што претпоставувавте.

Непромислено менување на работните места може неповолно да се одрази на вашата работна репутација. Пред да направите било каков чекор во овој правец дајте се од себе да ја поправите состојбата и дури потоа да донесете дефинитивна одлука.

 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти