11 Мај, 2024
0.0278

КОИ АПТЕКИ ЌЕ САКААТ ДА ЌАРАТ НА КОРОНА - Пазарна инспекција и Агенција за лекови одат во контроли

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) да направат увид и контрола на залихите на заштитните средства од пренесувањето на коронавирусот во аптеките, и доколку утврдат неосновано зголемување на цените, да преземат мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб.
Како еден од заклучоците на оваа седница е и одлуката да се воспостави соработка со „Црвен Крст“ и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.
Владата на денешната седница ја разгледала и Информација во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот.

Министрите констатирале дека сите преземени мерки досега ги постигнале очекуваните резултати, како и дека превенцијата и контролата за да се спречи непосакуваното ширење на вирусот, се остваруваат целосно.
Дефинитивно се откажуваат сите јавни собири, и струмичкиот карневал, и оној за Прочка, а спортските настани да се играат без публика.

„Во насока на натамошна соодветна превенција, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет, и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година. Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации“, се вели во владиното соопштение. 

Владата препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.

Владата ја задолжила Комисијата за заразни болести да продолжи да ги известува Владата, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и Кризниот штаб, за епидемиoлошката состојба со корона вирусот, за да се планираат идните чекори во превенцијата и справувањето со ситуацијата.

Можеби ќе ве интересира

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите