Кои екс функционери ја тужат државата во Стразбур?
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2020
Судот во Стразбур објави кои поранешни функционери се повикуваат на аболицијата на поранешниот македонски претседател, Ѓорѓе Иванов.
Десет екс функционери ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата се Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски, Тони Јакимовски.
Државата треба да даде одговор дали општата аболиција која Иванов ја даде во 2016-та година е законска и дали нејзиното повлекување е правно издржано.
Постапките во Стразбур сега се во почетна фаза. Државата има можност да одговори со спогодување со тужителите-екс функционери или да ги објасни сите поставени прашања од Европскиот суд и да се очекува судење таму.