02 Мај, 2024
0.0519

Kои пет држави ја блокираа Србија да отвори уште едно поглавје?

Објавено во: Балкан 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Пет држави го блокирале најавеното отворање и на поглавјето 33 од преговорите за членство на Србија во ЕУ, кое се однесува на финансиските и буџетските прашања, јавија денеска српските медиуми, повикувајќи се на извори во Совет на министри на Унијата.

Се работи за Германија, Франција, Шведска, Велика Британија и Хрватска. 

Овие држави, но и уште неколку други членки на ЕУ, при одлуката за блокирање на отварањето по ова поглавје, во целина ја зеле предвид полугодишната анализа на Европската комисија за имплементација на акциските планови на српската Влада за претходно отворените поглавја 23 и 24.

Во интерен документ на Европската комисија за напредокот на Србија по поглавјата 23 и 24 за владеењето на правото, стои дека земјата мора да ги интензивира своите напори во областа на финансиските истраги, спречувањето на перењето пари и конфискација на имотот и донесување на ефикасни правила за азил во согласност со законодавството на ЕУ.

Србија на меѓувладината конференција во Брисел отвори две нови поглавја во своите пристапни преговори, пренесуваат српските медиуми.

Отворени се поглавјето 6, кое се однесува на компаниското право, и поглавјето 30, кое се однесува на економските односи со странство.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф