10 Мај, 2024
0.1285

Кои се новите членови на ЦО на СДСМ?

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

На вчерашниот состанок на централниот одбор на владејачката партија СДСМ,лидерот на партијата, Зоран Заев, ја потврди реконструкцијата на Владата, но пред членовите на највисокиот партиски орган не ги прецизирал министерствата што ќе бидат зафатени од неа.

Централниот одбор на СДСМ беше проширен и доби нови членови - Андреј Жерновски, Костадин Костадинов и Чедомир Саздовски. Поранешниот градоначалник на општина Центар и лидер на Либерално-демократска партија, пред локалните избори беше исклучен од неговата дотогашна партија, додека пратеникот Саздовски во овој состав на Парламентот влезе како член на партијата ГРОМ, дел од поранешната владејачка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. До неговото преминување во ГРОМ, Саздовски беше долгогодишен член и функционер на СДСМ, поточно претседател на ОО на СДСМ во Кисела Вода.


Беа најавени и промени во општинските организации на партијата на Аеродром и Радовиш.

На состанокот се разговараше и за актуелната состојба во државата, спроведувањето на реформите, политиките за подобар живот на граѓаните, зголемување на животниот стандард и внатрепартиските активности.

Лидерот на партијата потенцираше дека реформите и економските мерки на Владата даваат резултат што е потврдено преку параметрите за раст на платите и раздвижување на економијата.

„Економијата ја раздвиживме. Зголемувањето на минималната плата дава конкретни резултати, се отвори спиралата на раст и платите се зголемуваат. Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, зголемените и навремени субвенции повеќе пари остануваат во семејните буџети. Меѓународниот успех што го постигнавме позитивно влијае врз имиџот на земјава а тоа се рефлектира и врз економијата. Потпишани се договори за инвестирање со 9 странски компании, а се разговара со уште други 20 странски, како и повеќе домашни компании што сакаат да инвестираат. Очекуваме ефектите да бидат уште поизразени“, рече претседателот Заев.

Во насока на поширока поддршка на започнатите реформски процеси претседателот Заев најави дека започнува разговори со други политички субјекти за зголемување на парламентарното мнозинство, соопшти партијата.

„Оваа недела започнувам разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Целта е, преку разговор со други политички субјекти да обезбедиме поширока поддршка на реформскиот процес и на реализација на Планот 3-6-9. Во оваа насока оставаме простор, преку политички дијалог и со опозицијата, клучните закони, за коишто е потребно пошироко мнозинство, да бидат донесени и со учество на опозицијата“, рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија