11 Мај, 2024
0.0249

Koj e Лимак Холдинг- една од трите најбрзо растечки градежни компании во светот?

Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Магазинот ENR (Engineering News Record) го рангира Лимак на 68-то место во меѓународната листа на изведувачи за 2018 година.

Лимак Холдинг е светски-реномирана компанија базирана во Турција, специјализирана за сите типови на инфраструктурни и градежни проекти со вредност од повеќе од 10 милијарди долари, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, гасоводи, и угостителски и туристички објекти.

8 сектори во 18 држави

Формирана во 1976 година, Лимак Холдинг ги поставува силно посакуваните високи стандарди во секторите градежништво, туризам, цемент, инфраструктура, енергетика, храна и пијалоци, и авијација. Компанијата гради капитални објекти во повеќе од 18 земји низ светот, и успева да го трасира патот за успех преку спојување на техничките познавања и долгогодишното искуство, квалитет и брзина, напредна технологија и креативност, општествена одговорност и деловна етика.

Скок во интернационалното рангирање

Со приближно 66,000 вработени и дејност во 8 различни сектори, Лимак е вброена меѓу трите најбрзо растечки градежни компании во светот. Како компанија која поставува силно посакувани високи стандарди во овие области, Лимак Холдинг е рангирана на 68-то место меѓу најдобрите 250 градежни компании заедно со градежните магнати од светска класа, според „Engineering News-Record” (ENR).

Примарните вредности во работата на Лимак Холдинг се функционалност, квалитет и иновација во градежништвото, но и целта да биде еколошки и општествено одговорна компанија чија мисија е да го унапреди урбаното еко-домување. Компанијата чие мото е "Квалитетот не е избор, туку обврска за нас", последните неколку години освои огромен број меѓународни награди во сите нејзини сектори.

Уникатни проекти

Проектот за новиот аеродром во Истанбул, Чанаккале мостот од 1915 година, автопатот Северна Мармара во Турција, меѓународниот аеродром во Кувајт,  меѓународни аеродроми во Сенегал Дакар Блез-Дијајн се меѓу многуте проекти што се во тек.

Експертиза во градежништвото и работењето

Лимак го пренесе своето достигнување стекнато преку изградба и управување со меѓународниот аеродром Истанбул Сабиха Гокчен на Приштинскиот меѓународен аеродром Адем Јашари, изаедно со своите партнери го започна Истанбулскиот аеродромски проект, која е една од најголемите инфраструктурни инвестиции во турската историја. Дополнително, Лимак го редизајнираше и конструираше „LimakPort İskenderun”, еден од најмодерните и најголемите контејнерски терминали на Источниот Медитеран. Железничката станица за брзи возови во Анкара, првиот и единствениот проект за железничка станица за брзи возовиво Турција, заврши и започна со работа во 2016 година.

Наскоро: Лимак во Скопје

Следниот предизвик со кој Лимак посебно се гордее е изградбата на елитен резиденцијален и комерцијален комплекс кој засекогаш ќе го промени градскиот живот во центарот на Скопје. Лимак Холдинг ќе изгради модерен, мултифункционален комплекс лоциран околу Старата Железничка Станица во Скопје, на просторот помеѓу булеварот „Св. Кирил и Методиј” и улицата „Јордан Мијалков”. Постојната зграда на Музејот на град Скопје, која е планирано да ја обнови Град Скопје, ќе биде автентично вклучена во комплексот. Во тек е изградба на подземен булеваркој  е дел од целиот проект.


Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните