20 Мај, 2024
0.2281

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2024“ со гордост го објавува своето партнерство со Халкбанк АД Скопје, една од највлијателните банки во Македонија. Ова важно партнерство е резултат на долгогодишното пријателство помеѓу Халкбанк и Литера, кое сега прераснува во едно од најзначајните соработки на културната сцена на нашата земја.

„Литера“ како единствен меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца во регионот, не само што го претставува врвот на актуелната литературна и визуелна уметност, туку и го носи квалитетот и препознатливоста на македонската култура во светот. Со огромна посветеност и преданост, „Литера“ ги подигнува стандардите за книжевноста и уметноста, нудејќи на публиката високо квалитетни содржини.

Софија Семенпеева-Трајановска, идеен креатор и дел од тимот на „Литера“, изјавува: „Ова партнерство со Халкбанк е од исклучителна важност за нас. Тоа не само што го потврдува значењето на нашиот фестивал на културната сцена на земјата, туку и ни овозможува да продолжиме да го негуваме и пренесуваме богатството на литературата и уметноста до нашата публика."

„Ние сме горди што сме веќе четврта година дел од ,Литера’ и преку нашата поддршка придонесуваме во развојот и успехот на овој фестивал. ,Литера’ е еден од најубавите фестивали во Макеоднија кој е посветен на кревање на  културниот, уметничкиот и креативниот потенцијал на нашата земја. Ние како бренд секако дека тоа го препознаваме, почитуваме и партнерски го поддржуваме“ - истакнува Маја Наумовска-Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

„Литера“ е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца кој се одржува во Скопје. Секоја година, фестивалот го претставува најдоброто од книжевноста и уметноста за деца, креирајќи простор за оригинален концепциски израз.

Шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младински културен центар во Скопје. Со претставување на тројца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на 6. издание на фестивалот. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе организираат и средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи