03 Мај, 2024
0.0312

КОЈА Е ВИСТИНАТА ЗА УБИСТВОТО ВО КАВАДАРЦИ - три постапки се во тек за вонбрачните партнери

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Три постапки се во тек за вонбрачните партнери Е.Р.  и Р. П. откако 45-годишен кавадарчанец доби 30-дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин, потврдиле за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

За случајот во јавноста излегоа информации дека во расправијата се вклучени повеќе луѓе, а причината била старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Отворените постапки во Центарот за социјална работа во Кавадарци се за доверување на малолетното дете П. М. родено во вонбрачна заедница, за уредување на личните односи и непосредните контакти на детето со таткото П. Р., како и за постапка за семејно насилство.

„Центарот за социјални работи согласно своите законски надлежности постапувал по добиените барања  и согласно законските прописи, земајки го предвид најдобриот интерес на детето донел соодветно законско решение. Поради непочитување на донесеното законско решение, центарот применува други методи и техники за надминување на настанатата ситуација. Во однос на семејното насилство, во времето на негово случување, согласно Законот за заштита и превенција од семејно насилство, од страна на стручниот тим примени се сите законски процедури за заштита на мајката и детето“, стои во писмениот одговор од Министерството.

Претходно, од Центарот за социјални работи информирале за МИА дека ја контактирале мајката на детето Е.Р. која ги известила дека по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила територијата на општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија каде се чувствувала безбедно.

Според МВР, кобниот ден околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно околу 23.30 часот, при физичка пресметка меѓу повеќе лица на улицата „Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П. (59) од Кавадарци кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица досега е извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?