10 Мај, 2024
0.0310

Која е Жаклина Пешевска, пратеничката која ќе ја предводи најмоќната женска организација на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Жаклина Пешевска ќе биде на чело на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, или, како што од партијата ја нарекуваат, најмоќната женска организација. 

На таа позиција досега биле моќни жени од ВМРО-ДПМНЕ, кои одиграле значајна улога во партијата, а некои од нив, како на пример Даниела Рангелова, се судрија со раководството предводено од Кристијан Мицкоски. 

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја избрал Пешевска за претседател на Унијата на жени, информираа од партијата. Пешевска, се вели во соопштението, е актуелен пратеник во Собранието и доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, а пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени, била член на ИК на Унијата на жени.

Која е Жаклина Пешевска што ќе го предводи моќното женско лоби на најголемата опозициска партија. 

Таа, меѓу другото, и е позната на македоснаката јавност по тоа што првично беше една од неколкуте осомничени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за настаните од 27 април, односно за упадот во Собранието, но потоа набргу беше ослободена.

Заради овие сомнежи Пешевска беше и уапсена, за што имаше жестока реакциоја од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во едно телевизиско гостување рече дека 27 ноември бил тажен ден за судството во земјава, бидејќи тој ден се случиле многу лични трагедии на луѓето кои биле приведени.

„Жаклина Пешевска ја апсеа 30 специјалци пред очите на нејзините деца, утрото во нејзиниот дом. Влегоа со калашникови и ја апсеа нашата пратеничка и тоа е многу лошо“, рече Мицкоски.

Инаку, Обвинителството ја запре постапката против Пешевска, со образложение, како што рекоа, дека не нашле доволно докази дека таа сторила некакво кривично дело. Во овој случај обвинети беа пет пратеници.

Во февруари годинава, како што тогаш јавија медиумите, Жаклина Пешевска при влегувањето во Собраниската сала за планарни седници вербално и се „пушти„ на пратеничката Нола Исмаиловска, бидејчи, како што рече, со гласови на членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ стана пратеничка а потоа гласаше за промена на името во Северна Македонија. Таа ја праша Исмаиловска како и не и срам за нејзиниот однос и кој и дал право да и го споменува нејзиното име, на што Исмаиловска и возврати дека не е на виновна што гласала за Законот служба во АРМ каде се менува името на Армијата.

Пешевска на ова и возврати „да си ја затне устата погана“ а пратениците Илија Димовски и Никола Мицевски пристапија до Пешевска и ја однесоа да седне на столчињата во првите редови за да не биде во близина на Исмаиловска.

Инаку, се досега на оваа позиција беше досегашната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Претходно, пак, покрај Даниела Рангелова, со Инијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ раководеше и Косана Мазнева. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје