10 Мај, 2024
0.0259

Кои се тројцата грчки акционери во македонски фирми што земаа најмногу пари од дивиденда?

Објавено во: Економија 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Тројца грчки акционери земаа дивиденда во вкупен износ од 42,7 милиони евра, а тие се банкарската групација НБГ најголемиот акционер во „Стопанска банка Скопје“, цеметарската корпорација „Титан“ која го поседува скопски УСЈЕ и прилепскиот мермерен комбинат  „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ сопственикот на прилепскиот Мермерен комбинат

И годинава најдобитни акционери од странските сопственици на македонски фирми се јужните соседи. Две грчки и една словенечка компанија и оваа година земаа најголеми дивиденди од нивните аквизиции во земјава.

Станува збор за сопствениците на една од двете најголеми банки „Стопанска банка Скопје“ и за единствената македонска цементарница „Усје“ и за словенечкиот акционер во НЛБ Банка Скопје. Во големата четворка е и македонската експозитура „Каменимост комуникации“ преку која најголемиот европски оператор „Дојче Телеком“ го контролира најголемиот македонски телекомуникациски оператор „Македонски телеком“. 

Сите горенаведени компании се традционално компании кои делат стабилни и солидни или високи износи на дивиденди за нивните акции. 

Најдобитен странски акционер во македонска компанија е грчката НБГ банка која е мнозински акционер во „Стопанска банка Скопје“. Оваа голема грчка банка минатиот месец на своето конто инкасира 28,075 милиони евра дивиденда од „Стопанска банка Скопје“. Најголемиот акционер во „Телеком“ – компанијата „Каменимост комуникации“ за ланската добивка на Македонски Телеком инкасираше дивиденда од 13 милиони евра. Кај нашата Влада односно на сметката на буџетот завршија 8,8 милиони евра.

„УСЈЕ“ на својот најголем акционер грчкиот производител на цемент „Титан“ му исплати 11,9 милиони евра дивиденда за ланското успешно работење. 

Во големата четворка е и големата македонска деловна банка „НЛБ Банка Скопје“.  Таа компанија на својот најголем акционер словенечката државна банка „НЛБ“ и додели дивиденда од 6,73 милиони евра.

На петото место на листата на најдобитни компании е и прилепскиот Мермерен комбинат кој на својот најголем акционер „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ му додели дивиденда од 2,76 милиони евра. 

Шести добитен акционер е „Виена иншуренс груп“ аквизитер на „Македонија осигурување“ кој издвои 680.000 евра во дивиденда од својата добивка во 2017 година. На седмата позиција е „Охридска банка“ која е дел од групацијата на „Сосиете женерал“ и која носи дивиденда од 383.500 евра за минатата година.

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили