26 Декември, 2024
0.0287

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

Објавено во: Економија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Група акционери на градежната компанија „Гранит“, кои заеднички поседуваат над 5 отсто од акциите на ова акционерско друштво, бараат поголема дивиденда од таа што ја предложи Управниот одбор, и за ова нивно барање ќе треба да се изјасни мнозинството акционери на претстојното Собрание. До Управниот одбор на градежното претпријатие неодамна стигна нов предлог за Годишното собрание на акционери, закажано за 23 мај оваа година, со кој се бара усвојување на нова одлука за исплата на дивиденда, и за која би требало да се изјаснат акционерите. Или, тие бараат компанијата да исплати бруто дивиденда по акција од 70 денари, наспроти 42 денари колку што претходно предложи Управниот одбор на компанијата.

Станува збор за акционерите Владе Велиновски, Данчо Масев, Ленче Масева и Нова стоковна куќа Струмица, кои заедно поседуваат повеќе под 5 отсто од вкупниот број акции со право на глас во сопственичката структура на „Гранит“.

„Согласно Законот за трговски друштва, акционери кои заедно поседуваат повеќе од 153.569 обични акцвии со право на глас, што е повеќе од 5 отсто, предлагаат нова одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, на Собранието на акционери, закажано за 23 мај“, се вели во новиот предлог.

Како образложение се дава фактот што, според извештаите за 2023 година, „забележливо било дека компанијата располага со висок износ на вложувања расположливи за продажба во котирани друштва во износ од 1.620.140.000 денари (26 милиони евра- н.з.), и од тие вложувања ќе обезбеди реални приливби по основ на дивиденди од преку 103.000.000 милииони денари (1,67 милиони евра –н.з.) во текот на оваа година. Дополнително, има вложувања според објективна вредност, кои се евиденирни како вложувања во Отворени инвестициски фондови, од кои најголем дел се инвестирани во парични фондови, со низок ризик и висока ликвидност во вкупен износ од 102.563.000 денари (1,67 милиони евра – н.з.). Исто така, како што велат, компанијата има и висок износ на акумулирана добивка, во вкупен износ од 2.314.733.000 денари (37,64 милиони евра –н.з.)“.

Додаваат дека „побарувањата од купувачи на компанијата во износ од 2.392.412.000 денари значително ги надминуваат обврските кон добавувачите од 1.486.946.000 денари, што ја прави финансиската ситуација на компанијата солвентна и ликвидна“.

„Оттука, ние како акционери сметаме дека е оправдана повисока исплата на дивиденда и дополнителна распределба на добивката на компанијата, посебно во услови на високи каматни стапки по кои се оплодуваат паричните средства во споредба со високиот потенцијал и принос кои го нудат останатите акции во земјата и странство“, велат во предлогот, нагласувајќи дека стабилната, солвентна и ликвидна финансиска позиција на „Гранит“ давала доволен простор и можност за повисок износ за дивиденда, без да се загрози натамошното финансиско работење.

Затоа и сметаат дека предлогот на УО за исплата на бруто дивиденда од 116.348.568 денари (1,9 милиони евра – н.з.) не е доволна и во интерес на акционерите, како и дека исплата на повисока дивиденда „ќе придонесе да се зголеми вредноста, но и ликвидноста на акциите на Македонската берза, што е во интерес на акционерите и АД во целина“.

„Ги повикуваме останатите акционери на Гранит, на редовното собрание, да го поддржат нашиот предлог за исплата на бруто дивиденда од 70 денари по акција“, велат тие, додавајќи дека со ова не би се загрозило редовното работење, ниту се скратува можноста на менаџментот за инвестициски зафати во модернизација и обниова на компанијата.

Но, на ова има опширен одговор од „Гранит“, со кој тие остануваат на својата претходна одлука, давајќи осврт на финансиската состојба и работењето, како и серија аргументи зошто не треба да се исплати повисока дивиденда.

„Друштвото располага со вложувања расположливи за продажба во котирани друштва во износ од 1.620.140.000 денари, и од истите ќе наплати дивиденда во износ од 103.000.000 денари. При донесување на Предлог Одлуката за исплата на дивиденда од страна на Управниот Одбор на Друштвото во вкупен износ од 116.348.568 денари, приливот на дивиденда од вложувањата во котирани друштва е земен предвид и вклучен во предложениот износ. Потоа, друштвото располага со удели во Отворен инвестициски фонд – КБ Паричен Фонд во износ од 95.572.000 денари, кои се само 1,1 отсто од вкупните средства, што не е висок износ, туку тие се парични средства кои ги подмируваат тековните обврски (неисплатени плати за декември 2023 во износ од 59.324.000 денари, неплатен ДДВ за декември 2023 од 10.030.000 денари, исплата на рати по земени кредити од банки за јануари 2024 од 10.000.000 денари и плаќање на тековни набавки за проектите). Овие средства се веќе потрошени за исплата на обврските од тековното работење“, возвраќаат од УО на „Гранит“.

Натаму, како што објаснуваат, друштвото располага со акумулирана добивка во износ од 2.314.733.000 денари, која е создадена од работењето во сите изминати претходни години, при што ако се направи подлабока анализа на билансот на состојба, ќе се согледа дека таа е вложена во неколку работи, и тоа 1.906.328.000 денари, од кои најголем дел се ненаплатените побарувања од инвеститорите, вложувањата во залихите - и тоа становите за пазар, земјиштето на Олимписко село наменето за градба и тековните залихи, потоа, вложувањата во акции на КБ по набавна вредност во износ 427.233.139 денари, како и дадени долгорочни заеми во Малите хидроелектрани од 201.709.000 денари, како и во недвижниот имот и опремата во која Друштвото изминатите години секоја година има вложувања во просек по 200 милиони денари. Накратко ова значи дека акумулираните добивки не се расположливи во високо ликвидни средства, туку во вложувања кои треба да дадат стабилен принос во наредните години, потенцираат од УО.

Оттаму нагласуваат и дека побарувањата од купувачи во износ од 2.392.412.000 денари ги надминуваат обврските кон добавувачи во износ од 1.486.946.0000 денари, но треба да се има предвид дека побарувањата од купувачи вклучуваат побарувања за задржани депозити од инвеститорите во износод 782.504.000 денари, кои ќе бидат предмет на наплата по завршување на градежните проекти и истек на гарантен период што може да биде во период подолг од 2 години.

„Исто така, треба да се има предвид дека побарувањата вклучуваат и нефактурирани/неситуирани а извршени градежни работи во износод 390.100.000 денари, кои допрва треба да се одобруваат од инвеститорите и надзорите на проектите во 2024 година, при што за таквите проекти Друштвото врши тековно плаќање на добавувачите (за нафта, цемент, железо и др.) и на подизведувачите за работна рака и тековни трошоци.

Потенцираат дека предложената одлука за исплата на дивиденда за 2023 година во бруто износ од 116.348.568 денари е 76 отсто од остварена добивка за 2023 година што е на исклучително високо ниво, додека новата предлог Одлука од групата акционери е во бруто износ од 193.914.280 денари или 127 отсто од остварената добивка за 2023 година, што е невообичаено за исплата на редовна дивиденда и особено ризична за ликвидно работење на Друштвото.

„Оттука, УО останува на својата одлука за исплата на дивиденда, како рационална во однос на финансиските остварувања и која ќе обезбеди ефективна работа на Друштвото, не доведувајќи ја во прашање ликвидноста во работењето и било какви потешкотии во остварувањето на идните проекти, и имајќи ја предвид неизвесноста на најавените инвестиции кои се основен доход. УО им предлага на акционерите со цел задржување на вредноста на нивната акција која во голема мера зависи од резултатите од работењето на Друштвото да ја поддржат предлог одлуката на УО, со цел остварување на истите резултати и во иднина“, нагласуваат од УО на „Гранит“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал