03 Мај, 2024
2.2593

КОКАИНСКА „ПАТКА“ - Италијанската полиција ја извадила „големата“ дрога, а пратила лажна пратка со еден килограм

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во меѓународната акција за спречување на шверц на кокаин, покрај македонската полиција биле вклучени и истражните органи на Италија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (БиХ), а откриени се вкупно 1,2 тони кокаин.

Кокаинот е во вредност од околу 50 милиони евра, требало да завршни во Северна Македонија, но најголемиот во БиХ, објави босанскиот весник „Независне новине“.

Според сознанијата на овој медиум, дрогата спакувана во неколку контејнери била запленета на пристаниште во Италија. Италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои заедно тежеле 1 128 килограни (1,2 тони). Кога ја откриле, Италијанците ја заплениле дрогата и испратиле лажна пратка во која оставиле само околу еден килограм дрога запакувана со систем за следење.

Како што пишува „Независне новине“, пратката понатаму продолжила по планираната рута, стигнала во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Северна Македонија, два од БиХ. Камионите ги земале контејнерите и тргнале назад не знаејќи дека всушност превезуваат само еден килограм кокаин кој го следат.

Државната агенција за истраги и заштита во БиХ, потврдила дека учествувала во меѓународната акција и дека уапсила вкупно две лица.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?