02 Мај, 2024
0.0277

КОЛАПСИ НА УЛИЦА, МОЗОЧНИ УДАРИ, ИНФАРКТИ: Брзата помош интервенира и до 100 пати за 24 часа, топлиот бран критичен за хроничните болни

Објавено во: Македонија 04 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Во моментов Македонија е во алертна портокалова фаза, проследена со исклучително високи температури кои ја креваат живата на термометрот и до 43 степени. Ваквите временски услови според лекарите се исклучително опасна за хроничните болни. Во разговор за Фактор, д-р Милица Бубало, раководителката на Итната медицинска помош при Здравствен дом Скопјевели дека телефоните буквално не престануваат да ѕвонат, а екипите на Брзата помош реализираат од 80 до 100 покани за само 24 часа.

-Најчести повици доаѓаат од граѓаните кои патат од хронични заболувања. Тоа се пациенти со ХОББ-хронично опструктивна белодробна болест, астма, луѓе со хипертензии, односно оние кои патат од висок крвен притисок. Ним прво им советуваме да ја земат соодветната терапија, но доколку тоа не помогне, интервенира екипата на Итната медицинска помош. Она што не може да чека се акутните состојби како што се инфарктите, мозочните удари и секако карактеристично за овој исклучително топол период се колапсите. Имаме повици за колапси буквално на улица. Се случува да имаме од 8 до 10 вакви состојби дневно. Причина за тоа е огромната тепературна разлика. Од затворен простор каде што температурата е 20-тина степени, на пеколно сонце, каде што температурата надминува 40 степени луѓето дожививаат температурен шок и колабираат. Ова е посебно опасно за повозрасните граѓани и за бебињата. Но секако треба да се знае дека и помладите, и луѓето во средните години може да се случи да колабираат поради огромната температурна разлика која ја доживуваат за многу кратко време. 10-тина степени е најголемата разлика што треба да постои. Значи ако е надвор 40 степени, во домовите, канцелариите треба да е 30-тина степени, и да постои период на аклиматизација пред да се излезе надвор. Телото полека да се приспособи на многу повисока температура, посочува д-р Бубало.

Раководителката на Итната медицинска помош појаснува и дека акипите интервенираат и поради зголемен број сообраќајни незгоди.

-Имаме и ситуации кога и во возење се случуваат црцеви или мозочни удари заради што настануваат сообраќајните незгоди, па екипата на Брзата помош стигнува по само неколку минути од повикот. Тоа се оние ситуации кога нема чекање и кога мора веднаш да се интервенира. Но, во услови кога сме малку разретчени заради годишните одмори, а вработените во Итната медицинска помош, ги користат дури сега, по година и пол, од 2019, генерално се обидуваме да им дадеме совети на граѓаните кои се јавуваат заради повраќања и диареја. Ги упатуваме да се јават и кај нивните матични лекари, зошто тоа се ситуации кои може да се решат успешно и без да интервенира екипата на брзата помош. Со само пет екипи дневна и пет екипи ноќна смена гледаме да стигнеме при повици заради пад од скелиња, колапси, како што веќе напоменав и акутните состојби при мозочни удари и инфаркти, и секако да стигнеме кај хроничните болни, вели д-р Бубало.

Таа нагласи дека во овој период е најважно да се почитуваат препораките кои ги дава Минстерството за здравство.

-Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.

-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

-Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

-На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.   

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање