10 Мај, 2024
0.0298

Колегите и пријателите се простуваат - НА 46 ГОДИНИ ОД КОВИД ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ И ИСТОРИЧАР АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ

Објавено во: Македонија 19 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Короната однесе уште еден млад живот. Како што јавуваат медиумите, на 46 години, од компликации со коронавирусот почина д-р Александар Стојчев, универзитетскиот професор и воен историчар.

Стојчев од 2006 година бил Раководител на Службата за воена историја - Воен музеј во Министерството за одбрана, а претходно во периодот од 2002 година до 2006-тата година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Во својата професионална кариера тој бил и доцент и вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја и наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја, а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (Воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.

На пошироката јавност, професорот Стојчев ѝ беше познат по документарните телевизиски емисии за историјата на Република Македонија.

На својот фејсбук профил, од д-р Стојчев се прости и Марјан Ѓуровски, професор од Факултетот за безбедност, Проректор на УКЛО под Факултетот за безбедност.

„Зарем мораше Аце и ти? Македонската историска научна мисла изгуби големо научно младо име, јас голем другар и пријател. Ужас без крај! Голема загуба за македонската држава и македонскиот народ. Останаа нашите долги седенки и полемики за многу истористи теми и дилеми како спомен од убавите времиња, договаравме и подготвувавме две книги, една со историски документи за НАТО, другата дополнување на заедничката монографија за Михајло Апостолски. Проектот Кале недореализиран.Загубивме голем човек со племенито срце, другар, историчар, професор, преведувач на повеќе јазици. На тие кои ти ги нанесоа последните неправди тебе, знам Другар секогаш дека им простуваше зошто беше и остана професионалец - - Историчар, Професор, чувар на македонскиот идентитет и борец за историските вредности и факти. Бројни оригинални документи видени низ твојата објективна диоприја ќе останат необјавени. Остварениот завет на твојот татко проф.д-р полк.Ванче Стојчев и твое дело изградениот Воен музеј на Министерството за одбрана ќе бидат потврда за трајните вредности и придонес кој го даде лично. Немам зборови за болката и бесот кој ги имам во мојата душа зошто изгубив голем другар и пријател, а државата научник и професор кој денес беше и ќе остане реткост на овие простори. Почивај во мир и спокој! Сигурно ќе продолжиш и таму горе да твориш со твојот татко. Вечна ти слава Александар! Бог да те прости и Царството небесно да ти подари...“, пишува во својот ппост професорот Ѓуровски.

Можеби ќе ве интересира

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот