Колку и како Фејсбук му помогна на Трамп да и ја земе победата на Хилари?
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016
И покрај напорите на Марк Цукерберг да ja минимизира улогата на Facebook во изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД, аналитичарите почнаа да зборуваат дека социјалните мрежи одиграа голема улога во изборот на Американците.
Покрај тоа, според нив на Facebook се шират искрени лаги и компанијата треба да понесе одговорност за тоа.
Според Buzzfeed News, Facebook создале неофицијална работна група која ќе гo разгледа случајот.
„Марк (Цукерберг) знае дека на Facebook се пуштаа лажни вести за време на целата кампања, но немаше како да ги запре“, вели анонимен извор од компанијата за BBC.
Google веќе соопшти дека ќе контролира какви вести се пуштаат и дали овие вести одговараат на вистината или не. Исто така ќе се гледаат под лупа рекламните клипови кои според многумина се најголемото средство за ширење на лажни вести.
Самиот Цукерберг исто коментира дека лажните вести се голем проблем за Facebook, но одби да се согласи со мислењето дека неговата платформа е причина луѓето да го поддржат Доналд Трамп за претседател.
„Од целата содржина на Facebook, повеќе од 99% од вестите што ги читате се вистински. Генерално е исклучително тешко изборните резултати да се последица на лажни вести на Facebook“, изјави основачот на платформата.