01 Мај, 2024
0.0257

Колку ќе платиме за камати од државниот буџет за оваа година?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Доволно е поразително тоа што ќе констатираме дека годинава во јавни и државни патишта и пруги ќе вложиме 80 милиони евра помалку од тоа што ќе го платиме за камати за државниот долг!

Официјалните податоци од популарната публикација „Граѓански буџет“ што годинава за прв пат ја објави актуелниот министер за финансии покажуваат дека за оваа година од централниот буџет за плаќање камати се издвоени 8,2 милијарди денари односно 132,9 милиони евра! Тоа е трошокот што државата ќе го плати за сите досегашни позајмици со кои финансирала тековни трошоци, капитални инвестиции и секакви други задолжувања кои во оваа година дошле или ќе дојдат на наплата. 
Простата математика покажува дека просечно месечно државата за камати враќа 11,075 милиони евра и тоа значи дека до крајот на овој месец за таа намена ќе бидат платени над 100 милиони евра. А до крајот на годинава ќе бидат исплатени уште триесетина милиони евра..

Од достапните јавни податоци оваа ставка е една од девете најголеми тековни расходи на буџетот. Таа е на осмото место малку помала од ставката за социјални трансфери и надоместоци која изнесува 9,8 милијарди денари.

Катастрофа! За камати плаќаме повеќе од што плаќаме за секој од капиталните расходи

Поразителен факт достапен во популарниот граѓански буџет е тоа што секоја од ставките за капитални расходи (кои значат инвестиции во подобрување на стандарот на граѓаните) е помала од ставката за камати. Тоа значи дека за камати годинава од државниот буџет плаќаме повеќе одошто ќе инвестираме во секоја од инвестициите во јавно добро односно јавен интерес како патишта, пруги, болници, училишта и така натаму. 
Податоците покажуваат дека годинава најмногу пари од буџетот се или ќе бидат платени за изградба на водоводни и канализациски мрежи, за пречистителни станици и за гасоводна мрежа и тоа е износ од 7,1 милијарди денари односно нешто помалку од 120 милиони евра. Во патна и железничка инфраструктура годинава се вложуваат 3,5 милијарди денари или нешто помалку од 60 милиони евра. За земјоделство и рурален развој се наменети 2,7 милијарди денари, а за образование, детска заштита и спорт се наменети 2,2 милијарди денари.

Целата публикација „Граѓански буџет“ може да ја најдете на следниот линк http://www.finance.gov.mk/files/Gragjanki%20Budjet.pdf


Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција