Колку луѓе од Балканот војуваат за Асад во Сирија?
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2017
Експертот за безбедност, Џеват Галијашевиќ вели дека според официјални податоци на страната на Башар Ал Асад во Сирија војуваат само 6 лица.
Станува збор за две лица од Србија, две од БиХ, по едно од Црна Гора и Хрватска.
Западните агенции дошле до овие податоци со следење на комуникациите.
Не се знае каква улога точно имаат тие таму.
Експерот вели дека како што ќе се заоструваат односите меѓу САД и Русија, ќе расте и бројот на идеолошки екстремисти кои ќе одат во странство за да војуваат.
Од 40.000 исламисти кои војуваат во Сирија, дури 35.000 ниту се родени, ниту пак живеат во земјата.
Во Сирија од БиХ и од Косово има 300 борци, од Албанија 100, а од Србија заминале педесетина.