29 Април, 2024
0.0258

Колку милијардери има во светот?

Објавено во: Стил 11 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во 2015 година во светот живееле 2.400 лица со состојба над 1 милијарда долари, покажува истражувањето на организацијата Wealth-X која годишно пресметува колкав е бројот на луѓе во светот со високи примања.

Општата состојба на милијардери во светот во минатата година била 7,7 трилиони долари. Вкупниот износ на богатството на милијардерите е поголем од БДП на повеќето земји во светот со исклучок на САД и Кина.

Повеќето милијардери живеат во Европа: 806 лица од жителите на Стариот континент имаат над 1 милијарда долари. За една година бројот на милијардери во Европа е зголемен за 4%. Нивното богатство вкупно изнесува 2,3 трилиони долари.

Северна Америка не заостанува многу со бројот на богатите - тие се 628 лица. Само што тие, иако помалку на број, се побогати од Европејците - нивната вкупна состојба изнесува 2,5 трилиони долари.

Во 2015 година Азија покажа сериозен раст на бројот на милијардери и нивното богатство. Количината на богаташите на најголемиот континент минатата година е зголемена за 15,2% до 645 лица, а вкупната состојба - со 19%, на 1,7 трилиони долари.

Во Блискиот Исток богат со нафта  живеат 166 милијардери со вкупна актива од 450 милијарди долари. И Африка ги има своите милијардери - 41 лица на Црниот континент имаат вкупно богатство од 98 милијарди долари.

Бројот на жените меѓу милијардери заостанува од мажите - вкупно 294 претставнички на понежниот пол имаат 876 милијарди долари. Просечната возраст на милијардерите кај мажите е 63,2 година, а кај дамите - 62,2 година, 85% од милијардерите во светот се во брак.

Според Wealth-X 56% од милијардерите во светот сами ја заработиле својата состојба, 13% се наследници, а 31% делумно наследиле богатство, кое потоа се зголемило.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти