Колку новинари се убиени во светот годинава?
Објавено во: Свет 19 Декември, 2016
Педесет и седум новинари загинале во 2016 година при извршување на професионалните обврски, соопшти денеска невладината организација „Репортери без граници" во својот годишен извештај, цитиран од Франс прес и ТАСС.
Повеќето - 53-ца од нив, станаа жртви на намерни убиства поврзани со нивната професионална дејност.
Општо земено бројот на загинатите медиумски работници во светот во текот на годината е 67.
Новинари загинуваат главно во зоните на вооружени конфликти. На прво место е Сирија, каде загинале 19 од нив (наспроти 9 во 2015 година). Следат Авганистан со 10 жртви, Мексико - со 9, Ирак - со 7 и Јемен - со 5.
За прв пат „Репортери без граници" ги вклучува во листата и загинатите непрофесионални новинари - 9 блогери и осум претставници на други професии.
2016 година се покажа помалку смртоносна за новинарите од претходната 2015 година, кога загинатите беа 67, забележува Франс прес. Новинарите се трудат да ги избегнуваат најопасните земји како Сирија, Ирак, Либија, Јемен, Авганистан, Бангладеш и Бурунди.