Колку пари дале Американците лани за добротворни цели?
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2016
Секој ден во САД се даваат по 1 милијарда долари за добротворни цели.
Во 2015 година Американците дале рекордна сума за добротворни цели, пишува MarketWatch, повикувајќи се на извештај на Giving USA Foundation.
Добротворните донации на поединци, фондации и компании се зголемени за околу 4% до 373,25 милијарди долари во 2015 година, што е апсолутен рекорд. Тоа значи дека во просек Американците даваат над 1 милијарда долари за добротворни цели на ден.
Најголем дел од средствата се обезбедуваат од поединци. Донациите им се пресметуваат на 264,58 милијарди долари во 2015 година, што е за 3,8% повеќе во однос на претходната година.
Донации во целина се зголемија на годишна основа. Ова се должи на два фактори и тоа континуираната економска обнова и зголемувањето на личниот доход. Покрај тоа, за разлика од постарите генерации, младите денес се повеќе се склони да донираат и се ангажираат повеќе со добротворна работа, се наведува во извештајот.
Најголем дел од донациите одат за верски каузи - 119,3 милијарди долари, за образование - 57,48 милијарди, за човечки услуги - 45,21 милијарди долари.
Најмалку Американците донираат за животна средина и животни - 10,68 милијарди долари.