11 Мај, 2024
0.0256

Колку пари трошат Македонците на грепки и лото?

Објавено во: Економија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Бизнисот со продажба на грепки и лото лани пораснал за солидни 36 отсто до речиси 3 милиони евра. Но оперативната добивка е само 7 отсто од приходот од продажба.. Компанијата е во добивка од пола милион евра од кои 65 отсто се благодарение на финансиските приходи, а другите 35 отсто се од дејноста

Приходите од продажба на државната Лотарија на Македонија, компанија што е најголем приредувач на игри на среќа во земјава, лани има приходи од продажба кои достигнаа безмалку до 3 милиони евра односно за лани изнесуваат 178 милиони денари. Многу е значајно тоа што нејзините приходи од продажба пораснале за 36 отсто во споредба со 2015 година кога изнесувале 130,8 милиони денари. Овој податок покажува колку е растечки бизнисот со приредување игри на среќа и дека Македонците сакаат да „си ја пробаат среќата“ и за гребат тикети и лозови.

Државната Лотарија на Македонија е компанија што е во целосна државна сопственост и со неа во својство на акционер раководи Владата на Република Македонија. Во август новата Влада ги смени досегашните членови на управниот и на Надзорниот одбор и постави нови членови во органите на управување. Нивните имиња може да ги прочитате на интернет страницата на Македонската берза на следниот линк

Добивка за лани надмина половина милион евра!

Државната Лотарија лани оствари добивка од работење во износ од 33,3 милиони денари. Тоа е фантастично подобар резултат во споредба со претходната година кога компанијата остварила профит од 4,4 милиони денари. Тоа значи дека лани Лотарија ја зголемила добивката од работењето за 7,5 пати! Ова е резултат на огромното пазарно учество што оваа компанија го има на домашниот пазар на приредување игри на среќа.

Од структурата на добивката се гледа дека компанијата од работењето лани остварила оперативна добивка 12 милиони денари. Затоа што нејзините оперативни расходи за лани изнесуваат 166 милиони денари. Најголема расходна ставка на компанијата се услугите со карактер на материјални трошоци за кои на своите контрактори државната Лотарија платила 73,3 милиони денари.. Втор по големина расход се трошоците за 45 вработени кои изнесуваат 28,5 милиони денари, а ставката останати трошоци во која се агрегирари повеќе типови расходи изнесува 28,8 милиони денари. Билансот покажува дека финансиските приходи на компанијата се главен генератор на добивката. Од нив Лотарија лани има 21,13 милиони денари и тие создаваат 65 отсто од добивката на компанијата.

Просечна нето плата по вработен во Лотарија надминува 550 евра

Достапните официјални податоци покажуваат дека просечна плата во таа државна компанија е околу 600 евра. Лани за бруто плати на 45 вработени фирмата исплатила 28,5 милиони денари. Тоа е бруто годишен трошок по вработен просечно од 633.330 денари годишно. Со оглед на тоа дека придонесите по вработен се околу 30 отсто од бруто платата вработените во државната Лотарија на Македонија се платени солидно над државниот просек..

Од другите достапни податоци во извештајот на независните ревизори се гледа дека побарувањата од купувачите надминале половина милион евра и бележат огромен раст во споредба со 2015 година. Исто така драстично и драматично пораснал и износот на сомнителните и спорни побарувања кои достигнале лани 200.000 евра. Менаџментот на компанијата лани за спонзорства и репрезентации потрошил 50.000 евра, а во 2015 година нема трошоци по тој основ.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили