11 Мај, 2024
0.0252

Колку сопствени акции презедоа Макпетрол и Оилко?

Објавено во: Економија 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Нафтените компании Макпетрол и Оилко и натаму се едни од ретките котирани друштва на Македонска берза кои во континуитет го користат финанискиот инструмент откуп на сопствени акции со што се дава сигнал на увереност во ликвидноста на компаниите, на нивните добивки и секако за поголема контрола врз одлучувачките права внатре во компаниите.

Така на вчерашниот ден на тргување на Македонска берза, Макпетрол АД Скопје се стекна со нови 30 сопствени акции. Последната просечна цена на вредноста на акциите на Макпетрол изнесува околу 29.000 денари.

„Согласно член 34 алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека Макпетрол АД Скопје се стекна со 29 сопствени акции и сега поседува 4.036 сопствени акции што претставува 3,59% од вкупниот број на акции на издавачот Макпетрол АД Скопје“, соопштија од компанијата преку берза.

Во откупот на сопствени акции не изостанува ниту Оилко од каде има вакви чести потези за пласирање на средства преку Македонска берза. 

„Согласно член 34, алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, известуваме дека ОИЛКО КДА Скопје се стекна со 30 сопствени акции и сега поседува 1.633 сопствени акции што претставува 0,65% од вкупниот број на акции на издавачот ОИЛКО КДА Скопје“, соопштија од Оилко преку берзата. 

Просечната цена на акциите на Оилко кое е командитно друштво изнесува 6000 денари, а овој откуп на сопствени акции е веќе четврти по ред годинава. 

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили