11 Мај, 2024
0.0245

Колку заработи ФК „Вардар“ во својата најуспешна сезона?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Добивката на „Вардар“ во најдобрата  сезона во 70 годишната историја е 800.000 евра. Сите приходи на „Вардар“ во 2017 година, во која го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот клубски фудбал – играше во групи во Лига Европа, изнесуваат над 6 милиони евра и 60 отсто од нив се пари од УЕФА кои ги доби благодарејќи на пласманот во таа лига

Македонската фудбалска гордост, како што знаат да го кажат спортските коментатори, фудбалскиот клуб „Вардар“ лани ја имаше најуспешната фудбалска сезона во својата 70 годишна историја. „Вардар“ лани за прв пат во својата историја успеа да се пласира во група во лига Европа континентално натпреварување што по својот ранг е на второ место веднаш по најквалитетната светска лица –европската Лига на шампиони.

„Вардар“ во својата најуспешна сезона остварил приходи од вкупно 375,2 милиони денари односно над 6 милиони евра и во споредба со 2016 година, лани неговите приходи од продажба биле поголеми за 2,3 милиони евра односно за 60 отсто.

Расходите на „Вардар“ лани биле 302,3 милиони денари и клубот финансиската година ја завршил со добивка од 48,7 милиони денари односно околу 800.000 евра. Тоа во споредба со 2016 година е неспоредливо подобар резултат кога добивката била 512.000 денари.

Најголеми приходи од донација од УЕФА

Лани најмногу пари „Вардар“ земал од УЕФА и тоа 224,6 милиони денари односно 3,63 милиони евра што е 60 отсто од сите приходи на друштвото. Во споредба со 2016 година, лани „Вардар“ од УЕФА добил 4,5 пати повеќе пари и тоа е сумата што ја добил како поддршка заради поминатите елиминации и пласманот во група во Лига Европа. Втора по големина приходна ставка се парите добиени од спонзорства кои изнесуваат 83,6 милиони денари и во споредба со 2016 година се повеќе од преполовени затоа што тогаш изнесувале 175,2 милиони денари.

Од телевизиските права на натпреварите во квалификациите и во Лига Европа „Вардар“ лани добил 42,9 милиони денари односно вкупно 700.000 евра. Во 2016 година „Вардар“ нема приходи по овој основ. 

Последна и најмала приходна ставка на „Вардар“ се продадените билети. Во достапните податоци пишува дека „Вардар“ нема приход од продажба на влезници за домашно првенство, но од продажба на билети за Лига Европа инкасирал 17,4 милиони денари и тоа е 13 пати повеќе од 2016 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили