(ВИДЕО) „Комити“ се собраа за последно испраќање на Саздовски
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2018
Навивачката група „Комити Скопје“ се собраа денеска пред западната трибина на Gрадскиот стадион во Скопје во чест на нивниот член Никола Саздовски кој почина од последиците на претепувањето од страна на три лица во Автокоманда на 29 јуни.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот е експресно расчистен, дека две лица се во притвор, по едно се трага. Случајот, кој предизвика големи реакции во јавноста е во надлежност на Јавното Обвинителство.