01 Мај, 2024
0.6275

Коморски Инвестициски Форум (КИФ) - Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ II дел

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Како што веќе споменавме и претходно, мисијата на Коморскиот инвестициски форум од неговото основање е  детално зацртана и целосно посветена кон продлабочување на соработката меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и светот, и креирање на Единствена Регионална Економска област (РЕО) со цел соединување на регионот и овозможување на заеднички напредок на бизнис заедниците и економиите на шесте земји.

 Една од основните активности за коишто се залага КИФ, а е во насока на креирање на РЕО, е унифицирање на граничните премини и застапување на слободното движење на добра/услуги низ регионот со цел да се намалат трошоците и да се направат добрата и услугите поконкурентни на глобалниот пазар. Потребно есите царински постапки да бидат јавно достапи на интернет страниците на Царинските администрации во регионот, со што истите ќе бидат потранспарентни, пристапни и предвидливи. Унифицирањето на сите царински декларации, постапки (како и овозможување на целосна акумулација на потекло и поврат) и стандардизација на сите инспекции вклучувајќи ја санитарната, фитосанитарната, ветеринарната и други, на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, ќе овозможи секоја земја да ги признае истите гранични декларации, документација за одреден вид производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн.


 Дизајн и имплементација на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот ќе придонесе за полесна поддршка на усогласените регионални царински документи и царински постапки кои исто така ќе бидат усогласени со оние на ЕУ. Овој систем од друга страна пак ќе овозможи нивото на чекање на граничните премини да се сведе ја минимум (според проценката оптималното време што еден камион треба да го помине во чекање на граничен премин би требало да биде 7.5 минути). На овој начин проверката на документацијата и на добрата ќе се спроведува на првиот граничен премин од Регионалната економска област на ЗБ6, исто како што тоа функционира и во ЕУ со почитување на следните услови:

·  Сета документација да биде електронски доставена, и непосредно дистрибуирана преку ИТ системот до сите царини во регионот, сите царински давачки да бидат соодветно подмирени и кога сето тоа ќе се одобри, добрата да можат да патуваат низ целиот регион без да подлежат на понатамошна гранична контрола.

·  Граничните проверки на добрата треба да се применуваат само врз основа на анализа на ризик. Управувањето со ризик треба да биде координирано на регионално ниво.

Со воведување на унифицирана царинска документација и ефективни царински ИТ системи, ќе се елиминираат и сите нетарифни бариери коишто постојат низ регионот (царински гаранции за потекло, дополнителни ад-хок анализи, посебни ознаки, итн.). За постигнување на оваа цел потребно е да се воспостави систем- владина работна група- во секоја земја, за да ги надгледува, идентификува и елиминира нетарифните бариери со обврска да реагира во рок од 15 дена од барањето на бизнис заедницата.


Шесте земји од регионот на  Западен Балкан потребно е забрзано да работат на подобрување на инфраструктурата на граничните премини, со цел за да се овозможи отворање на повеќе порти за премин на камиони и транспортни возила, со што ќе се разграничат премините за камионите со дозвола Т од останатите, итн. Елиминацијата на бариерите за пристап до пазарот на целиот регион, ќе обезбеди подобри и поконкурентни цени за производство но и за пласман на производите на странските пазари.

Покрај либерализација на трговијата со производи, либерализација на трговијата со услуги особено во областа на финансиите, осигурувањето, транспортот, туризмот, либерализација на електронската трговија, либерализација во прекуграничниот трансфер на податоци, итн. ќе придонесе за уште поголем раст и развој на регионот како целина.  Со цел полесен пристап до резултати од регионалната соработка, потребна е координација и соработка на заводите за статистика во регионот за да се измерат трговските индекси на регионално ниво и да се овозможат подобри регионални статистички податоци.


Продолжува...

м-р Сања Николова, стручен соработник во Стопанската комора на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор