29 Април, 2024
0.0258

КОМПАНИИТЕ МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ РИЗИКОТ ОД ЛОШИ БИЗНИС ЗДЕЛКИ

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Потребата од финансиска анализа е неопходна за бизнис секторот, но за жал, во Македонија сé уште, не постоидоволна свесност за оваа потреба и за значењето на овие проценки. Голем дел од компаниите се раководат по принципот бизнис интуиција и искуства од пријатели без притоа да добијат егзактни информации за работењето на компаниите за кои се интересираат и од кои им зависи бизнисот.

Финансиските анализи преставуваат еден вид лична карта на секоја компанија, каде е опфатено целокупното нејзино работење од повеќе аспекти, нејзините добри, лоши, силни и слаби страни.

За жал, има бројни ситуации во кои македонските увозници и извозници, незаштитени и несигурни, почнале соработка со компании кои им го загрозиле работењето поради проблеми со наплата. Но, како да бидат сигурни дека компанијата партнер е проверена, ликвидна и на кратко, не е лажна? Веќе десетина години Интеркредит како претставништво на Coface Adriatic опслужува домашни и странски компании со производи во форма на анализи и извештаи со кои се добива комплетна слика како скен на финансиското работење и успех на конкретната компанија од интерес.

Нашиот иновативен онлајн производ, Coface Select Premium, особено е корисен за компании кои работат увоз-извоз, а кои бараат нови деловни партнери. Нудиме мониторинг на постоечките клиенти или купувачи, како и детална проценка на пазарот по однос на конкуренцијата. Мониторингот е достапен 24 часа и офапаќа компании од 28 земји за кои се подготвуваат стандардизирани извештаи. Се прави проценка на компанијата или се обезбедуваат информации за која било од 43-те милиони компании од Западна, Средна или Источна Европа, достапни каде било и кога било, вели Горан Николоски, финансиски аналитичар и сопственик на Интеркредит.

Тој во разговор за Фактор вели дека компанијата како нивен клиент добива комплетна финансиска анализа за правниот субјект за кој е заинтересирана, без разлика дали се наоѓа во Азија, Америка или Африка. Информацијата добиена во вистинско време е пресудна за одлуката која нашите клиенти ќе ја превземат, без разлика дали тоа значи започнување или прекинување на соработка. Извештаите на Интеркредит се од круцијално значење за да се намали ризикот од лоши бизнис зделки.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг