02 Мај, 2024
0.0360

Концентрација на војска и полиција во преспанско Нивици

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во преспанското село Нивици, или на грчки Псаридис, се споменува како можна локација каде што би можел да се одржи свечениот ручек помеѓу македонскиот и грчкиот врв во присуство на меѓународни гости по потпишувањето на договорот помеѓу Скопје и Атина. Според Телма, ова село би можело да биде изборот каде што ќе се одржи собирот, затоа што таму денеска е забележана највисока концентрација на воени и полициски сили. Владата денеска соопшти дека во Преспа ќе се одржи свечениот ручек, но не ја кажува точната локација поради сензитивни причини.

„Немаше  голема раздвиженост, слаба беше посетеноста и од туристи. Но, се забележуваше присуството на војската и полицијата, кои очегледно прават безбедносни подготовки пред настанот. Иако жителите беа расположени за разговор, сепак полицијата не дозволи снимање“, се вели во известувањето.

Медиумите објавуваат дека во Преспа, покрај премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе присуствуваат и медијаторот од ОН, Метју Нимиц и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг. На потпишувањето на историскиот договор  се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Антонио Гутереш и шефицата на европската надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.  Најверојатно, процедурата  на потпишување на договорот ќе се заокружи на македонска територија во Отешево, по што ќе следи заеднички ручек.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање