03 Мај, 2024
0.0256

Кампања Јас внимавам

Користењето мобилен телефон при возење е голем ризик фактор за безбедноста во сообраќајот

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Ризикот од сообраќајна незгода е четирикратно поголем доколку се користи мобилен телефон за време на управување со моторно возило. Токму заради овој факт, кампањата „Јас внимавам” која своите активности ги насочува кон зголемувањето на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот, овој месец ги потсетува возачите на забраната  за употреба на мобилен телефон  додека учествуваме во сообраќајот. За таа цел, иницијаторот на кампањата, компанијата ОКТА, ги наградуваше совесните возачи со вредносни ваучери за гориво по спроведената контрола од страна на Министерството за внатрешни работи на возила по случаен избор за почитување на сообраќајните правила и прописи, вклучително и некористење мобилен телефон.

Во промовирање на целите и пораките на кампањата, како заштитно лице овој месец со своја поддршка се вклучи актерката Амернис Нокшиќи Јовановска, која изјави „Одговорноста за безбедни сообраќајници ја носиме сите учесници во сообраќајот, и токму затоа е потребна повисока свесност за последиците. Ова важи, исто така и за пешаците кои честопати поминуваат улица гледајќи во мобилниот. Користењето мобилен телефон поради брза размена на податоци може да биде кобно, и затоа да ги оставиме мобилните на страна, а пред нас да ја имаме безбедноста.“

Националната кампања „Јас Внимавам“, целејќи кон создавање побезбедни сообраќајници, во текот на целата година спроведува активности преку кои ги потсетува и едуцира граѓаните какви и колкави се последиците доколку не се почитуваат сообраќајните правила и прописи. Секој месец со помош на јавните личности кампањата апелира за потребата од доследно почитување на најчесто прекршуваните правила и прописи како што се возење со препорачана брзина, забрана за возење во алкохолизирана состојба, користење соодветна зимска опрема, користење заштитен појас. Покрај тоа, компанијата ОКТА секој месец ги наградува совесните возачи, а дел од своите активности ги посвети и на едукација на младите преку донација на едукативни сообраќајни полигони во основните училишта, како и изведување театарска претстава на тема безбедноста во сообраќајот и дистрибуција на боенки. Заради сериозноста на темата и потребата од акција, досега кампањата доби голема поддршка како од голем број јавни личности, така и од граѓаните кои ги поддржуваат целите на овој проект. Кампањата „Јас внимавам“ ја доби наградата за Најдобра општествено одговорна практика за 2017 година на манифестацијата Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на домашните претпријатија, организирана од Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година