07 Мај, 2024
0.0251

Костов: Докторката била само вербално нападната по смртта на пациентот, протест немаше

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Докторката и дежурниот медицински персонал синоќа пред полноќ биле само вербално нападнати, тврди Христијан Костов, директорот на ГОБ „8 Септември“, откако претпладнево пред неговата канцеларија се собраа вработени лица во болницата и синдикалци барајќи поголема заштита. Ваквиот епилог следувал откако синоќа роднини на починат пациент упаднале во одделението за интензивна нега и делувале агресивно, по што обезбедувањето било принудено да повика полиција.

Меѓу целата мешаница, роднина на пациент, Џ.Ф. (40) вербално нападнал докторка, потврдија претходно и од МВР. Инцидентот се случи само една недела по протестот на медицинските лица на кој беше побарано да запре насилството врз лекарите и вработените во здравството и да се најде системско решение за овој повеќегодишен проблем.

Косотов наведе дека вчера во во 14 часот дежурната екипа ја спровела целата дијагностика и третман на починатото лице, но поради влошената состојба на пациент кој подлежел на хемодијализа, истиот починал. Вербалниот конфликт настанал во 23 часот. 

- Од страна на обезбедувањето беше повикана полиција која реагираше правовремено.  Телото е земено од страна на семејството по вербален конфликт помеѓу семејството и лекарот. Причини нема конкретни. Самата вест за починатиот делувала така на роднините на пациентот. Тие први моменти некои луѓе го доживуваат агресивно. Но се треба да биде во граници на нирмала, во граници на закон. Сепак, немало физички напад, изјави денеска Костов пред новинарите.

Тој демантираше дека имало протест пред неговата канцеларија и дека тој самиот го повикал персоналот

- Ги повикав да кажат за ситуацијата и за своето мислење. Ние имаме долги години наназад наше обезбедување. Ако оцени дека има поголем проблем, се повикува полиција, додава Костоб.

Според директорот, роднините влегле во одделението насилно. Се работело за голема група од пет шест луѓе кои обезбедувањето не успеало да ги задржи. Телото на починатиот не морало да се задржи 24 часа на обдукција, бидејќи веќе била присутна полицијата.


Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена