fake panerai watches Кривичен на потег: Ќе му се прегледа ли низ прсти на бизнисменот Сеад Кочан?
02 Мај, 2024
0.0497

Кривичен на потег: Ќе му се прегледа ли низ прсти на бизнисменот Сеад Кочан?

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд денеска пак ќе одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој што пред неколку дена се врати во земјава откако Врховен му го укина притворот а тој пред три дена според информации на медиумите е хоспитализиран на клиниката на кардиохрирургија каде што му е извршена интервенција.

Според Врховен, причина за одлуката се повредите на законите од страна на пониските судови.

„Со пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Кзз бр.11/2017 од 11.05.2017 година укинати се решенијата на Кривичниот совет на Основен суд Скопје I Скопје и Кривичниот совет на Апелационен суд Скопје.

Судијка на претходна постапка денеска повторно ќе решава дали ќе му одреди притвор на Сеад Кочанви истата ќе треба повторно да ги разгледа доказите што ги има СЈО и да донесе одлука.

Сеад Кочан не им беше достапен на органите на прогонот речиси два месеци со образложение од неговиот адвокат дека е на службен пат.

Сеад Кочан е првоосоминичен во предметот што го отвори СЈО, по кодното име „ Труст“, а кој е поврзан со тендерот објавен од ЕЛЕМ во 2011 година за ископ на јаглен и јаловина од рудниот Суводол.  Во отворениот случај второ и трето осомничени се директорот на „Силекс неметали“,  Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ. Според истрагата што ја отвори СЈО , сите тројца се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Предмет на набавката била дробилица за ископ во јаловина во РЕК Битола.Овие три компании на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“. Тендерот бил распишан на 7 октомври 2011 година, а биле наведени неколку услови кои фирмите што сакале да аплицираат за зделката требало да ги  исполнуваат.Првосомничениот Кочан, на тендерот доставил лажни документи дека поседува повеќе градежни машини, но и невистинити договори за наводна купопродажба и фактури дека ја набавил механизација.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови