01 Мај, 2024
0.0423

Кривични за Диме Спасов и прилепскиот градоначалник Ристески

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Заради сомневање дека извршиле злоупотреба на службената положба и овластување, како и несовесно работење во службата“, денеска во Основното јавно обвинителство Прилеп  е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, поранешниот директор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ Дарко Рибароски, директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Снежана Јованоска и против членови на Управниот одбор на прилепскиот Дом за стари лица, објави „Публикум“.

Според подносителот на пријавата, адвокатот Жарко Стеваноски, постојат основи за сомнение дека во периодот од 2009 година до денеска спротивно на одредбите од чл. 95 од Законот за социјална заштита, пријавените Диме Спасов и Снежана Јованоска со тогашниот директор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“, Дарко Рибароски, склучиле договор за финансирање на проектот „Народна кујна“, без обезбедено одобрение за вршење дополнителна дејност од Владата.

Според кривичната пријава постојат основи за сомневање дека прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и членовите на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ од Прилеп со неизвршување на својата службена должност, спротивно на Статутот на јавното претпријатие и на Законот за социјална заштита, не спровеле постапка за избор на нов директор на установата во периодот од 08.07.2010 до 05.11.2015. Со тоа, спротивно на закон, му овозможиле на Рибароски да ја врши функцијата ВД директор на домот за стари лица. Во тој период, според наведеното во пријавата, преку неизвршување на службените должности и непреземање на мерки и активности за законито управување со средствата на домот, била предизвикана штета во износ од преку 15 милиони денари, односно 243.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски