12 Мај, 2024
0.0260

КУМАНОВСКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ОДАТ НА НОВО: Пуштени во употреба новите простории

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Јавниот обвинител Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската унија.

Од денеска кумановското обвинителство е сместено на третиот кат во зградата на Основниот суд Куманово, со значително подобрени просторни услови за функционирање.

Во рамките на истиот проект финансиран со средства од ИПА-фондовите на Европската унија, подобрени се просторните услови во вкупно 11 основни јавни обвинителства. За Основните јавни обвинителства во Струмица, Битола и Куманово беа обезбедени и опремени целосно нови простории, додека постоечките простории на Основните јавни обвинителства во Велес, Кичево, Штип, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Тетово и Кочани беа реновирани.

„Со ова, условите во кои јавните обвинители ја извршуваат функцијата значително ќе се подобрат. Со проектот за реконструкција се опфатени просториите на половина од обвинителствата во државата, а општо познато е дека многу од обвинителствата имаа несоодветни услови за работа и дека во дел од обвинителствата дури условите беа многу тешки“, изјави Јовески.

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија од 1 март во кумановското обвинителство ќе започне да функционира и истражниот центар, за што е обезбедена посебна канцеларија во која ќе бидат сместени истражителите.

„Можам да кажам дека станува збор за историска промена, затоа што свесни сте во какви услови работевме. Сега добивме повеќе канцеларии и конференциска сала“, рече Бедиу-Рамадани.

Функционирањето на истражниот центар, пак, значително ќе придонесе за зголемување на ефикасноста во постапувањето на Основното јавно обвинителство – Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите