Кувелис: Меѓународен договор ќе биде посилен од било кој Устав на ФИРОМ
Објавено во: Балкан 19 Март, 2018
Алтернативниот грчки министер за одрбана Фотис Кувелис смета дека спорот за името може да се реши со силен меѓународен договор кој ќе има поголема тежина и во иднина нема да трпи промени со евентуални измени на уставот на нашата земја која ја нарекува ФИРОМ.
Решението на таканареченото македонско прашање е во корист и на Грција, под условите што се однесуваат на иредентизмот, на обезбедување на границите и на сложено име за севкупна употреба (ерга омнес), вели грчкиот алтернативен министер за одбрана, Фотис Кувелис во интервју за весникот „Real news“ вели дека Грција треба да го реши спорот за името за да го спречи иредентизмот, менувањето на границите и да побара име за севкупна употреба (ерга омнес), што секако ќе значи и сегашна промена на Уставот.
- Еден меѓународен договор, со заведени обврски во врска со иредентизмот, од многу аспекти, во врска со оспорувањето на границите, со името, е со надуставно влијание на сегашниот или иден Устав. Секако, ревизијата на Уставот на ПЈРМ и усогласувањето со условите од меѓународниот договор ќе биде обврска кон меѓународното право – вели грчкиот алтернативен министер за одбрана.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Кувелис смета доколку прашањето остане нерешено постои опасност од експанзија на Турција и додава дека Грција може да придонесе за стабилноста во регионот.
- Да земеме предвид дека нерешавањето ги храни опциите со турскиот експанзивен карактер, која покажува „интерес“ за турското и муслиманското население во регионот, за да развие нејзино влијание. Да го земеме предвид дури и истакнато расположение од политичките сили во регионот за создавање „Голема Албанија“, вели Кувелис за весникот „Real news“.