02 Мај, 2024
0.0271

Ленин со кампањата „Јас внимавам“ повика на носење заштитен шлем и поголема безбедност во сообраќајот

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

„Секогаш носам заштитен шлем кога возам мотоцикл“ е пораката што со најновата активност ја испраќа кампањата „Јас внимавам“ посветена на поголема безбедност во сообраќајот, што компанијата ОКТА со поддршка на МВР ја започна годинава. Апелот за поголема свесност за почитување на ова правило беше пренесен со контрола на мотоциклисти по случаен избор, при што оние што носеа заштитен шлем беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од ОКТА. Сите возачи беа потсетувани на податокот дека носењето заштитен шлем при возење мотоцикл го намалува ризикот од фатални последици за 40 отсто, а ризикот од сериозни повреди дури за 70 отсто.

Контролата за почитување на ова сообраќајно правило беше спроведена од претставници на Министерството за внатрешни работи.

Вниманието на јавноста, посебно на мотоциклистите, за почитување на правилото за носење заштитен шлем, овој пат е предизвикано од Ленин Јовановски, познат и искусен мотоциклист кој што ја даде својата поддршка за кампањата и со тоа придонесе за поголем ефект и успешност.


Со зголемување на бројот на мотоциклисти како активни учесници во сообраќајот, се почесто се случуваат незгоди каде што тие се чести жртви и немањето заштитен шлем значително ги зголемува повредите. Почитувањето на сообраќајните правила придонесува за избегнување на незгодите, а шлемот овозможува голема заштита при евентуални незгоди. Покрај законската обврска за носење заштитен шлем, оваа кампања е единствената што сериозно се свртува кон потребата за себезаштита на мотоциклистите, што заедно со целосната комуникација и начинот на кој влијае за зголемување на свесноста, е причината да ја дадам својата поддршка“, изјави Ленин Јовановски.


Кампањата „Јас внимавам“ во досегашните активности, заедно со своите поддржувачи повика на поголема свесност за безбедноста на сите учесници во сообраќајот и почитување на најчесто прекршуваните сообраќајни правила и прописи, како носење заштитен појас, забрането возење под дејство на алкохол, прилагодување на брзината пропишана на патот, возење на обележана велосипедска патека. Преку кампањата беа донирани и сообраќајни полигони во повеќе основни училишта ширум земјава, а со оваа активност ќе се продолжи и по почетокот на новата училишна година. 


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор