10 Мај, 2024
0.0678

Левица во селото Баница му оддаде почит на Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

По повод 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и народен херој Гоце Делчев(1872-1903), официјална партиска делегација на Левица на највисоко ниво, предводена од претседателот – проф. д-р Димитар Апасиев и раководителката на АФЖ – Весна Кираџиева, го посетија некогашното село Баница (Серско, Егејска Македонија) – местото на загинувањето и местото на првиот гроб на Војводата, учителот и апостолот на македонската народно-ослободителна борба.

„Баница било село сместено на планината Шарлија (Бродска Планина), на 20-на километри од градот Сер. Во она време имало околу деведесет куќи населени исклучиво со Македонци. Кобната Битка кај Баница во која на 32 годишна возраст загинува Делчев, предаден од пробугарските врховисти, се случува неколку дена по познатите Солунски атентати (1903), на кои Делчев лично бил сведок. Османлиската војска, кој го следела неговото движење, го бомбардирала селото со топови, а како одмазда ги запалила куќите. Во текот на двете балкански и Првата светска војна, Баница била трипати палена, а еднаш и црквата во која се наоѓале коските на Гоце, но тие за среќа останале неоштетени. Од раселеното село Баница денес е останата само камбанаријата на црквата, до која тече Фратска Река, каде што делегацијата на Левица оддаде почит со палење свеќи и положување свежо цвеќе. Токму до олтарот на селската црква се наоѓал и ПРВИОТ ГРОБ на Гоце! Дури во 1918 година неговите посмртни останки се откопани и однесени во Софија, откаде што – со дозвола на комунистичкиот лидер Георги Димитров – во 1946 година се пренесени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, како главен град на новата социјалистичка држава Македонија“, велат од Левица. 
Денеска и Бугарија го одбележува овој ден. На почетокот на денешната седница во бугарскиот парламент политичките сили преку декларации ја изразија својата почит кон Гоце Делчев во врска со 120-годишнината од смртта на револуционерот. 

Можеби ќе ве интересира

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот