01 Мај, 2024
0.0290

Лилјана Георгиевска : Исправена децениската стечајна неправда! Борбата продолжува до последниот стечаец

Објавено во: Економија 02 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

“Процесот почна. Задоволни сме што по 12 години заврши стечајната голгота и надлежните имаа слух да се реши нашиот проблем. Сега со измени на член во Законот за стечај или амандмански очекуваме до крај да се реши проблемот и за последната група од околу 500 стечајци кои треба да бидат обештетени и да можат да го искористат правото за надоместок”- вели за Фактор, Лилјана Георгиевска-претседателка на здружението „Унит“ од Куманово која со години ја води стечајната битка.

Таа  не го крие задоволството бидејќи веќе стигнаа првите решенија со кои оваа група граѓани ќе добива околу 7.500 денари месечен надомест. Им порачува на своите колеги и пријатели кои ги спои иста мака да не очајуваат, бидејќи како што вели битката е добиена, има волја од сите страни да се оконча проблемот, па сега вели потребно е само трпение. Досега се одобрени 1029 решенија, а оваа бројка ќе се зголемува.

“Ќе има измена на член во Законот или амандмански ќе се интервенира за да може да бидат опфатени сите стечајци. Се прибираат документи од Централен регистар и другите институции да се забрза процедурата.  Очекуваме до 10 јануари да има обесштетување и ќе се подмират сите стечајци. Кога има волја, лесно е. Сите стелчајци ќе се средат, нема да останат незгрижени. Благодариме што се најде разбирање. Некои ќе почекаат месец, два. Сепак чекавме 12 години, па сега очекуваме  многу брзо да се реши целиот проблем. Процесот беше мачен и долг, но конечно се реши”- вели претседателката на кумановските стечајци.

Законот  за стечајци според неа е  спас за работниците. Со неколку  измени на членови  во законското решение одреден број стечајци кои не беа опфатени со овој закон  наредната година ќе  бидат материјално обезбедени.

„ Барањата за одобрување граѓаните ќе можат да ги поднесуваат до септември 2018 година, а и листата на фирми уште не е затворена. Ќе продолжиме сѐ додека постепено не ги згрижиме сите кои останале без работа поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Морам да кажам дека ќе се најде соодветно решение и за оние кои не беа опфатени бидејќи има волја за решавање и за нивниот статус. Сега не се опфатени оние лица кои немаат 15 години стаж во фирми со доминантна државна сопственост, чиј број на ниво на државата е околу 500-600 лица. Некои ќе почекаат, ќе аплицираат штом ќе навршат години на старост“, рече Георгиевска.

Стечајците кои  ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари  треба да имаат  најмалку 15 години стаж во претпријатие со доминантна државна сопственост, прекин на работен однос врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, 55 години за мажи и 52 за жени.Со законот се опфатени работниците чиј работен однос престанал после 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.

Исплатата се очекува да почне овој месец, но ќе важи ретроактивно од моментот кога е поднесено барањето. Листата на фирми не е затворена, а надлежните најавија дека како ќе стигнуваат барањата, ќе се проверуваат и  тековно ќе се решаваат.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест