10 Мај, 2024
0.0246

Стопанските комори се против даночните реформи за прогресивно оданочување

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатите неколку месеци членовите на Платформата за јавно - приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, спроведоа заедничко истражување по однос на најавеното прогресивно оданочување и можните последици од истото врз развојот на македонската економија.

Истражувањето беше спроведено со голем број на домашни претпријатија. Дополнително беа организирани две фокус групи, со цел да се изготви сеопфатна анализа на ставот на бизнис заедницата и да се дадат конкретни препораки до Владата кои би ги дефинирале понатамошните чекори за решавање на ова прашање. 

Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница со тоа што значително ќе се зголеми сивата економија и ќе се нарушат условите под кои ќе се одвива целокупната економија во државата. При тоа треба да се има предвид фактот дека станува збор за сериозна промена на даночниот режим со кој се создава нов систем на  обврски на неполни два месеци пред крајот на годината, кога најголем дел од деловните субјекти веќе ги имаат направено планирањата за следната фискална година. Со предложените измени во даночниот систем се усложнува работењето на компаниите.

Стопанските комори се согласни дека изразениот став е јасен и недвосмислен и дека неопходно е да се земе предвид при креирање и ревидирање на националните политики. Врз основа на спроведеното истражување стопанските комори испратија и официјален Позиционен документ до Владата и сите надлежните министерства. Со овој документ стопанските комори излегоа со заедничко барање за одложување на најавените даночни реформи за воведување на прогресивно оданочување, за најмалку 5 години. Воедно, стопанските комори и понатаму повикуваат на конструктивен дијалог за заедничко креирање на сите политики кои ја засегаат бизнис заедницата, со цел да се избегнат непоправливите штети кои би можеле да му се нанесат на македонското стопанство како резултат на избрзани одлуки во кои не се земени предвид сите релевантни фактори.

Оваа активност е дел од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, финансиран од страна на УСАИД, а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните