02 Мај, 2024
0.0282

Љупчо Николовски бара соработници, плата до 37.625 денари

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Владата вчера објави оглас за 10 нови вработувања во Генералниот секретаријат, а вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски соопшти дека тие ќе работат со него.

„Сузбивањето на корупцијата и криминалот, бара максимална екипираност и посветност. За таа цел, за потребата од сериозна борба против корупцијата, денеска објавивме оглас за вработување 10 лица, кои со својата експертиза и посветеност ќе ни се приклучат во борбата против корупцијата.

Идните членови на тимот, ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување“, објави Николовски.

Според огласот, раководителот на секторот за стручно-оперативна поддршка и логистика ќе добива најголема нето-плата од 37.625 денари и од него се бара да има најголемо искуство. Се бара и негов помошник, двајца раководители на одделение, двајца советници за стручно-оперативна поддршка, советник за стручна и техничка поддршка и тројца помлади соработници.

„Ги повикувам јавно, сите професионалци кои имаат желба и знаење да придонесат во борбата против корупцијата и да станат дел од историските процеси, да се пријават на овој оглас. Преку транспарентна и правична селекција одбираме тим кој со своето делување ќе придонесе во трајно градење правен систем, систем ослободен од корупција и општество во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба.

Сега е вистинскиот момент за исчекор напред. Оваа генерација има шанса да ја предводи таа предизвикувачка и комплексна борба! Создаваме држава која гарантира иднина за секој млад човек“, додава Николовски.

Инаку во Генералниот секретаријат на Владата, според последната листа што е ажурирана, има веќе 257 вработени.

Годинава беше објавен и оглас за посебен советник во кабинетот на Николовски за нето-плата од 42.000 денари.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање