03 Мај, 2024
0.0306

Љупчо Николовски: ДУИ ретерира од првичните коментари

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, одговарајќи на прашање во денешното интервју за „Локално“ вели дека на ДУИ му успеал трикот во кампањата за прв премиер Албанец на Македонија со резултирање на најголем број на гласови во „албанскиот блок“.

Ова Николовски го коментираше на прашањето дали двете најголеми македонски партии се губитници на предвремените парламентарни избори.

- ДУИ решија да играат на неостварливо популистичко решение со кое привлекоа повеќе гласови и во албанскиот блок освоија најмногу гласови. Сепак, дали ваквите трикови ќе им се исплатат долгорочно е друго прашање, вели поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Можната ротација на премиер во текот на мандатот ја оцени како шпекулација и лажна вест.

- Ова не е време ниту за нови предвремени избори, ниту за технички влади, ниту за ротации – ова е време за стабилна влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ. Следат предизвици со ковид кризата, мора да се работи посветено од првиот ден, одговара Николовски во интервјуто.

Николовски е категоричен дека Зоран Заев, претседателот на СДСМ, ќе биде премиер, а настапот на Бујар Османи дека ДУИ треба да го добие мандатот за составување на Влада го оцени како арогантен.

- Парламентарниот систем во Република Северна Македонија е јасен. Мандатот за формирање влада го добива партијата којашто ќе освои најмногу пратеници. Првопласираната партија добива мандат да составува влада, а не третопласираната партија. Ова беше непотребна ароганција која низ годините стотици пати се покажала како штетна по националните интереси. ДУИ има 15 пратеници и ние тоа го почитуваме, но од такви изјави немаше потреба. Сепак, веќе гледам дека колегите од ДУИ ретерираат од првичните коментари, смета функционерот на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?