02 Мај, 2024
0.1181

ЛУДА МАРТА: ПО НАГЛОТО ЗАЛАДУВАЊЕ, СЛЕДИ ЗАТОПЛУВАЊЕ: Метео анализа за повеќе денови

Објавено во: Македонија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

По најавеното нагло и големо заладување на времето кое ќе услови локално провејување на снег и во некои пониски места на север и запад од Македонија, но и силен северен ветер со брзина од над 70 км/час, за време на викендот кој ни доаѓа, но и во првите денови од следната седмица ќе имаме нагло и големо покачување на максималните дневни температури на воздухот.

Веќе од викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека во текот на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 22 степени.

Овие нагли и големи промени во температурите многу лошо ќе влијаат особено врз метеопатите, па така во следниот период тие ќе чувствуваат значителни здравствени проблеми (проблеми со притисокот, повремена главоболка, нервоза но и поспаност, а кај некои и несоница). Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја пијат препишаната терапија од истиот.

Инаку со овој бран на студ и влажен бран на повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка (на повисоките планини и до околу 20 цм нов снег, додека на местата со надморска височина до околу 1000 метри до околу 10 цм снег, ова особено важи за западните предели од Македонија каде врнежите се најинтензивни).

Од петок во Македонија следува период на стабилно, суво и претежно сончево време. Ветерот од северен правец кој ќе го имаме во Македонија, од петок ЗНАЧИТЕЛНО ќе ја намали својата брзина, објави метеорологот Славчо Попоски.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање