28 Април, 2024
0.0254

Луѓето во Азија речиси не се разболуваат од рак! Еве која е причината!

Објавено во: Стил 27 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

За татковина на лененото семе се смета Египет, но тоа може да биде оспорувано, бидејќи е широко распространето низ целиот свет.

Се одгледува на многу места - во Европа, Јужна Америка, Азија и дел од САД.

Според лекарите овие киселини се корисни за кардиоваскуларниот систем, го намалуваат нивото на триглицеридите и крвниот притисок, ја спречуваат појавата на опасни крвни згрутчувања, на тој начин го намалуваат ризикот од срцев удар. Има податоци дека во повисоки дози масните киселини ги ублажуваат симптомите на артритис, иако овој ефект не е докажан.

За разлика од човечките естрогени Фитоестрогените извршуваат двојна функција - го имитираат дејството на хормоните во некои делови на телото и го блокираат ефектот во други.

Многу фитотерапевти веруваат дека Фитоестрогените може да се користат за превенција или лекување на разни болести - рак, срцеви заболувања и остеопороза. Нивната способност да го блокира естрогенот може да биде особено ефикасен при борба со некои видови рак, зависни од овие хормони, на пример ракот на дојката и на матката. Жените кои консумираат големи количини лигнани, заболуваат поретко од рак на дојка. Фактот дека срцевите и раковите болести се помалку распространети во азиските земји, се должи на богатата на фитоестрогена хранлива исхрана.

Лабораториски испитувања и тестови со стаорци покажуваат дека хемиските состојки во лененото семе штитат од малигни тумори. Некои жени користат масло од ленено семе за намалување на болките во градите, за смирување на предменструален синдром и за контролирање на симптомите за време на менопаузата. Маслото се препорачува и за кожни болести, воспаленија и артритис. Обично се зема внатрешно, но за лекување на рани и изгореници се користи надворешно. Корисно е за луѓето кои страдаат од дигестивни нарушувања.

Лененото семе е достапно во продажната мрежа на зрна или мелено, во форма на желатински капсули или масло. Некои фитотерапевти препорачуваат целите или мелени зрна да се додадат на храната, за да се извлече максимална корист од производот. Специјалистите за исхрана прокламираат дека здравствените влакна, протеини и лигнани на лененото семе се наоѓаат само во бланширано и во обезмастено семе, иако некои производители го враќаат во маслото од цврсти материи што содржи лигнани.

Целите семиња може да се чуваат на суво и ладно место до една година. Меленото семе треба да се користат веднаш или да се замрзне за понатамошна употреба.

Не постојат сеопшти насоки за обемот на потрошувачка на овие производи. Некои научници препорачуваат 1/4 чаша мелено ленено семе дневно, а според еден канадски нутриционист 1-2 лажици се сосема доволно за возрасните.

Сеуште не е утврдена оптималната дневна доза. Профилактички се зема по една лажица на ден. Кога се пие како лек, дозата е 1-3 лажици, во зависност од телесната тежина и болеста.

Маслото може да се конзумира на пример како топинги за салата, а кога се користи за лекување на изгореници и рани, се меша со варовит вода.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти