02 Мај, 2024
0.0316

Македонци учат германски за билет во еден правец

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Голем број македонски граѓани последниве години го изучуваат германскиот јазик, со цел да аплицираат за стипендии или да најдат работа во Германија, земја со најмоќната економија.

Ова го потврдуваат и од училиштата за странски јазици ширум Македонија.  Оттаму велат бројот на  луѓе кои посетуваат часови по германски расте.  Додаваат дека ако порано јазикот се учеше од љубов, сега се учи од практични причини за обезбедување на подобар живот и работа во странство.  Јазикот го учат луѓе од различни професии и студенти.

„Оваа година имаме сто луѓе на курс, исто колку и лани. Имаме меѓу нив студенти од медицина, фармација кои сакаат да заминат на доусовршување во Германија.  Интерес  имало и порано, но се смени целната група.  Тогаш јазикот се учеше од желба, а сега од потреба“ – вели  Маја Грунчевска од училиштето за странски јазици „Гете“ од Скопје.

И Тодор Димов од училиштето за  странски јазици „Артелингва“ од Гевгелија,  вели дека во градот последниве две години многумина учат германски баш заради вработување во Германија.

Весна Попова од „Германика“ од Штип објаснува дека имаат 150 луѓе од различни возрасти кои посетуваат курс  по германски.

„Повеќе имаме возрасни ученици.  Не се само од медицина, ги има и од архитектура, информатика.  Целта им е да работат во Германија или да студираат.  Имаме и деца од 6-7 години кои го учат јазикот, најверојатно за да заминат со родителите“ – рече Попова.

Во последните пет години над 20.000  македонски државјани се преселиле во Германија. Претежно се работи за млади луѓе кои не гледаат иднина во Македонија. Овој тренд  расте од 2009 година наваму.

Од друга страна во медиумите често се среќаваат и податоци дека Германија има потреба од работна сила.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање