28 Април, 2024
0.0249

Македонија ќе вкуси залче од светски вкусови: ГастроМак најави голем интернационален кулинарски настан

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

“Оваа година манифестацијата ќе ја кренеме на уште повисоко рамниште и ќе прерасне во годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија, при што ќе имаме чест да бидеме домаќини на неколку великани во светската гастрономија“, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак.

Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, денес го најави најголемиот било кога одржан интернационален натпревар на готвачи од светот во нашата земја, кој што треба да се одржи есенва. Вториот Меѓународен Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, е планиран годинава да се одржи од 25 до 28 октормври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотел Вила Парк.

На ГастроМак Македонија 2017 најавено е присуство на над двестотини учесници – натпреварувачи, судии и почесни гости од многу земји и, практично, ќе го донесе светскиот гастрономски “крем” кај нас. Натпреварот, кој што годинава се одржува под мотото “Залче од светските вкусови!”, е логистички поддржан од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150  држави во светот.

“Со оглед на одличните одгласи во пошироката јавност за нашиот проект од минатата година, почестени сме да ве информираме дека оваа година манифестацијата ќе ја кренеме на уште повисоко рамниште и ќе прерасне во годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија. На овогодинешниот меѓународен натпревар ќе имаме чест, како почесни гости и стручно жири, да имаме неколку великани во светската гастрономијата, меѓу кои Г-дин Томас Гуглер – Претседателот на WACS, Г-дин Јалчин Манев – првиот човек на TASFED од Турција, потоа Г-дин Александар Прокопович, гастрономскиот гуру од Русија и многу други“, изјави Адријана Алачки, Претседателкатана ГастроМак.


 Како единствена и ексклузивна национална асоцијација која што и формално ја претставува Република Македонија во интернационални рамки под закрилата на WACS, во ГастроМак нагласуваат дека целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата гастрономска традиционална култура на нашето македонско поднебје, како и промоција на едукативниот процес кај готвачите и воведување на светските кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна.

ГастроМак, Асоцијацијата н аготвачи и шефови на кујни од Македонија, е oснована во мај 2016 година, од група врвни професионалци во гастрономијата, туризмоти во менаџментот во угостителството, потоа студенти и средношколци, но и аматери ентузијасти од сите сфери,кои што имаат доприрна точка со кулинарството. Повеќе за ГастроМак можете да најдете на сајтот www.gastromak.mk.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг