01 Мај, 2024
0.0299

Македонија влегува во НАТО следната пролет?

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

НАТО планира до пролетта 2018 година да ја прифати Македонија како полноправна членка, тврди агенција Sputnik, повикувајќи се на извори блиски до преговарачкиот процес. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг планира да го посети Скопје до средината на јули и да разговара за ова прашање. 

Целта на НАТО е земјата да биде примена во Алијансата, изјавил висок извор за агенцијата. 

Според него САД активно работат за оваа намена. 

„Американскиот амбасадор во Скопје вчера имаше средба со министерот за одбрана Радмила Шеќеринска и разговараа по ова прашање, додава изворот. 

Во понеделникот премиерот Зоран Заев ќе оди во посета Брисел, каде ќе се сретне со Јенс Столтенберг. 

Тој ќе има средби и со високи претставници на Европската комисија.

Премиерот досега повеќепати посочуваше дека новата влада ќе работи на враќање на земјата на европскиот пат и влез во НАТО и ЕУ.

Дали сепак реално е можно земјава да стане членка на Алијансата напролет останува да видиме.

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел