29 Април, 2024
0.0267

Македонска берза со апликација за брзо и лесно тргување

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

eTrader е апликација наменета за крајните корисници (клиентите на брокерската куќа) која овозможува следење на тргувањето во реално време,  праќање електронски налози до брокерите и комплетен увид во тргувањетокое е извршено преку брокерската куќа.  Со eTrader апликацијата доволно е да имате електронски уред со пристап на интернет и независно каде се наоѓате, овозможува давање електронски налози до брокерите и следење на тргувањето.

Со користењето на апликацијата eTrader, можете да го замените традиционалниот начин на тргување кој претпоставува физичко присуство на клиентите за давање налози во брокерската куќа. Отсега, со само една посета кај вашиот брокер, добивате идентификациони елементи и давањето на налози може да се направи од вашите домови, од работните места, од странство, додека сте на одмор, итн.

Апликацијата е едноставна за користење и овозможува: 

·високо ниво на сигурност (SSL сертификат, единствено корисничко име и лозинка за заштита на корисниците)

·едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување

·преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање, согласно пазарната состојба

·преглед на пазарните податоци (цена, пазарна длабочина, трансакции)

·следење на внес и извршување на налогот во реално време

·преглед на активни налози

·следење на налогот во пазарната длабочината

·аларми (нотификации за промените на пазарот)

Пристап до eTrader апликацијата

За да можете да ja користите eTrader апликацијата, потребно е брокерската куќа да дозволи пристап на корисникот до апликацијата. Како корисник на eTrader апликацијата ги добивате следните податоци:

·URL адреса за пристап до апликацијата

·Корисничко име и лозинка

За повеќе детали за оваа апликација јавете се кај Вашиот брокер!

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг